Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува - кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи...
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор.
- Сега се чини дека на него ќе учествуваат и помошници. Потоа ќе има преговори во рамките на делегациите, евентуално во формат...
Брод на албанската воена морнарица спаси во Егејското Море 25 имигранти, меѓу нив и осум деца
Бродот „Лисус“ на албанската воена морнарица, што е дел од мисијата на НАТО во Егејско Море, спасил 25 мигранти кои биле во гумен чамец и овозможил безбедно да стигнат на копно.
- Бродот „Лисус“ П-133, дел од мисијата во Егејското Море, спроведе операција за пребарување и спасување (SAR) во соработка со турската крајбрежна стража. За време на патролата, екипажот забележал...
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М. (19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул. „Маршал Тито” во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, како што посочуваат од МВР, пожарот бил изгаснат, а С.М....
Охридското Езеро порибено со ендемичниот вид пастрмка обезбедена преку вештачки мрест
По прекин од шест години Охридското Езеро денеска повторно е порибено со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, одгледан во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Станува збор за здрав подмладок со тежина од некаде 3,5 грама од единка, собран зимата по пат на вештачко измилзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрест на Заводот.
Министерот за земјоделство, шумарство и...
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите.
- Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска - напиша Зеленски на Телеграм.
Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и...
Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација
Десетици илјади украински бегалци во САД од денеска почнуваат да ја губат својата правна заштита, што ги изложува на ризик од апсење и депортација, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не преземе мерки.
Се проценува дека околу 120.000 Украинци, кои пристигнале во последните две години преку програмата „Обединети за Украина“, ќе останат без хуманитарниот статус што им беше доделен од...
Трамп очекува „нешто да произлезе од преговорите“
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат за Алјаска, каде денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, најави дека очекува „нешто да произлезе“ од разговорите.
Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се разгледуваат и...
По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите, велат од ЈОРСМ
ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува...
Зголемени цените во земјоделството
Цените во земјоделството во јули годинава бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот во споредба со цените во јули 2024 година.
При тоа, според податоците на Државниот завод за статистика, во делот инпут има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2,8 отсто, и на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во...








































