Политичар што мора да повторува дека е лидер не е вистински лидер
Насловот претставува цитат на Џофри Баратеон, кој се смета за еден од најомразените ликови во делото „Игра на тронови“ поради неговата арогантност, бидејќи верува дека е над правилата, односно дека може да прави што сака, додека истовремено е слаб лидер, носејќи избрзани одлуки што негативно влијаат врз кралството и ги затегнуваат односите со другите моќни аристократски куќи. Но зборовите...
Цивилизација спремна за апокалиптичен блендер
Станува крајно сомнително. Ако продолжи вака, може да заглавам и во сериозно теоретизирање на заговори. Којзнае, на крај може да излезе дека стварно е заговор, а не теорија. Заговор против мене. Почнува да ме фаќа параноја дека битисувањето ми ги саботира колумните. Јас, тука и сега, а битните настани од глобално значење, секогаш еден чекор во иднината пред моето...
Детална анализа на вториот протокол со Бугарија
1. Причина за нашата сегашна катастрофа е вториот протокол со Бугарија, потпишан од Бујар Османи во Софија, на 17 јули 2022 година. Тоа се случи на состанок на заедничката меѓувладина комисија, со што е целосно блокиран патот на Македонија кон Брисел. Протоколот е криминална злоупотреба на договорот за (не)пријателство и претставува тешко предавство на фундаменталните интереси на македонскиот народ....
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром – нормализиран сообраќајот
Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
- Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки...
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска изјави дека договор за завршување на војната во Украина би можел да биде постигнат по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, јави ДПА.
- Мислам дека сме доста блиску до договор. Сега погледнете, Украина мора да се согласи со тоа. Украина мора да се согласи. Мислам, знаете, претседателот Зеленски мора да се...
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
Рускиот претседател Владимир Путин ја отвори прес-конференцијата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека разговорите „се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“.
- Имавме многу темелни преговори што беа доста корисни - изјави тој и му се заблагодари на Доналд Трамп за предлагањето на самитот во Алјаска.
Рускиот претседател наведе за заедничката руска и американска историја во...
Во тек е историски самит на Трамп и Путин на Алјаска
Во клучна фаза од разговори влегоа денеска САД и Русија за завршување на војната во Украина. Средбата помеѓу американскиот претседател Доланд Трамп и рускиот шеф на државата, Владимир Путин почна во воена база во Енкориџ со мало задоцнување во 21:30 часот по средноевропско време.
Тоа е првата средба меѓу Трамп и Путин по шест години.
Иако претходно беше потврдено дека двајцата...
Хаос во центарот на Белград, жандармеријата употреби повторно солзавец за да растера антивладини демонстранти
Српската жандармерија вечерва употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград.
Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржуваат на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов...
Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин
Преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа во Алјаска за можен крај на руско-украинската војна.
Разговорот се одвива во една од просториите на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што се истакнати националните знамиња на двете земји.
Заедно со двајцата шефови на држави присуствуваат на состанокот и американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на Белата...
Авионот на Трамп слета во Екориџ
Авионот со американскиот претседател Доналд Трамп слета во воена база во Алјаска на долгоочекуваниот самит со рускиот колега Владимир Путин, на кој се очекува да изврши притисок за прекин на војната на Москва во Украина.
Американскиот лидер требаше да одржи разговори со шефот на Кремљ.
Русија изврши инвазија на дел од Украина во февруари 2022 година, предизвикувајќи конфликт во кој загинаа...








































