Преспанско Езеро на Бенита Стојмирова – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Преспанско Езеро на авторката Бенита Стојмирова е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
-Фотографијата е направена на Преспанско Езеро, во Сливница на 16 јули 2025 година. Иако езерото се повлекува заради недостиг на врнежи, сепак е прекрасно - вели Стојмирова.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
Фотографијата е избрана од најголемата...
ДИК: На независните кандидати ќе им требаат два потписа од избирачи за учество на локалните избори
Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за...
Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина
Специјалниот американски пратеник за Украина, Стив Виткоф, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, во петокот, во воената база во Енкориџ, на Алјаска, се согласил нивните европски сојузници да ѝ понудат на Украина безбедносна гаранција слична на мандатот за колективна одбрана на НАТО, што би било дел од договорот за завршување на...
Рубио: И Украина и Русија бараат работи што не можат да ги добијат
Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски зборува денеска во Брисел, американскиот државен секретар Марко Рубио даде интервју во САД, во кое ги коментираше резултатите од завчерашниот самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
Рубио, кој учествуваше на самитот заедно со Трамп, рече дека и Русија и Украина ќе мора да направат отстапки ако сакаат да постигнат мировен договор.
-Двете страни сакаат работи...
Вучиќ: Во следните 3-4 дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска најави „решителна акција на државата за враќање на мирот и поредокот во Србија“, а за „уништувањето“ ги обвини оние што ги палат просториите на Српската напредна партија (СНС) и државните институции и ја напаѓаат полицијата на улиците за време на митинзите.
На прес-конференција во Палатата Србија во Белград, на која присуствуваа шефот на полицијата и...
ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“
Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а активиран е еден крак од пожарот во село Јажинце, општина Јегуновце. Два активни пожари има на територија на општина Липково, во селата Лојане и Слупчане, каде дејствуваат кумановските пожарникари. Еден активен пожар има и во општина Лозово, каде интервенираат...
Прилепската „Delirium Tremens“ со награда за најдобро користена музика на џез-театарскиот фестивал „Нишвил“
Претставата „Delirium Tremens“, копродукција на Театарска работилница Прилеп, освои едно од највисоките признанија на Меѓународниот џез театарски фестивал во „Нишвил“ – награда за најдобро користена музика.
Стручното жири, составено од актерката и режисерка Танис Ковалчук (САД) и театарските критичарки Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ (Србија), оцени дека музиката во оваа претстава е иновативно и органски интегрирана во целокупната изведба. Тричлениот...
Рубио: Самитот на Путин и Трамп беше „многу добар и продуктивен“
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржан на 15 август на Алјаска, бил „многу добар и продуктивен“.
На прашање на руски новинари, тој кратко одговори: „Многу добро. Беше многу продуктивно“.
Путин и Трамп се сретнаа во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Разговорите траеја нешто помалку од три часа...
Локализиран пожарот во Слупчане
Пожарот што денеска избувна во боровата шума над селото Слупчане, општина Липково е целосно локализиран и ставен под контрола. Во моментов екипите работат на негово целосно догаснување, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Тој информира дека во акцијата се ангажирани 10 припадници на „Национални шуми“ – подружница Куманово со две специјализирани возила за гаснење шумски...
Монсуни во Пакистан: 350 загинати, потрага по 150 исчезнати
Спасувачите веќе три дена трагаат по најмалку 150 исчезнати лица на северот на Пакистан, каде во монсуните загинаа 350 луѓе, соопшти денеска пакистанската служба за вонредни ситуации.
Само во округот Бунер, „најмалку 150 луѓе веројатно се заробени под урнатините на нивните домови или се однесени од водата“, изјави официјален претставник на службата за вонредни ситуации.
Од четвртокот, монсунските дождови предизвикаа поплави,...








































