Долги аплаузи за театарската премиера на „Охридско лето“
По текст на култниот Душан Јовановиќ, оваа комедија со длабока општествена рефлексија прикажа свет во кој хедонизмот, суетата и еротиката се бегство од празнината што демне под површината
Во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од...
Фалангата на Филип Втори Македонски и Александар Македонски
Секој фалангист бил вооружен за да ги максимизира дофатот и одбраната на отворен терен, а главно оружје била сарисата, копје долго над шест метри што ги држело непријателите настрана. Македонските војници имале и штит, кој бил помал, со што била овозможена послободна употреба на сарисата. Второстепено оружје биле краткиот меч и иден закривен меч, кои биле употребувани во блиска...
Штрковите тргнаа на југ
Од Пелагониската Рамнина до Овче Поле и кочанските оризови полиња, огромни јата штркови се вивнуваат кон небото, водени од некоја невидлива рака, на патешествие долго илјадници километри. Нивната крајна дестинација се топлите предели на супсахарска Африка, каде што ќе ја поминат зимата, далеку од студените ветрови на Балканот
Според народните верувања, штрковите започнуваат да се собираат за пат околу големиот...
Неопходна е визија за македонското високо образование и наука (1)
Повеќе години пишував и пишувам за македонското високо образование, за состојбите и потребите за квалитет на високото образование. Така и ги напишав двете мои книги „Состојбите и потребите за квалитет на високото образование во Република Македонија“, едната објавена во 2015 година и вториот дел од мојата книга под ист наслов објавен во 2018/2019 година. Пишувајќи ги книгите, дадов мои...
Преобразување на целокупната човечка природа
Отците на црквата велат дека тоа што Господ се преобрази на висока гора значи дека човекот, за да учествува во Христовата светлина, треба да се издигне на повисока духовна состојба, да ги победи страстите и да ги исполни Божјите заповеди. Се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појави во сета негова слава пред тројца од...
Неподготвената европска Коалиција на подготвените
Вчера беше предвидено повеќе европски лидери, меѓу кои Емануел Макрон, Урсула фон дер Лајен, Фридрих Мерц и Кир Стармер, да го придружуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, каде што требаше да биде примен од неговиот американски колега Доналд Трамп
Дилеми во Брисел за тоа што да прави ЕУ за Украина: Да попушти пред Трамп или да не попушта пред...
Уписи на Скопскиот универзитет, слободни над 9.700 места за бруцоши
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година.
Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9.719 места. Од нив, 4.683 за редовни студенти во државната квота, 4.081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни...
Како да се влезе во заедничката рамка на големите при воспоставувањето на новиот концепт за одржлив раст и развој
Напоредно со дилемите за развивање на моделите за ефектуирање на стратегиското партнерство со САД (и со Турција), во јавноста и експертските анализи сѐ повеќе се дискутира и прашањето како може Македонија да ја пронајде успешната формула за практикување на една оптимална комбинација на сопствена „македонска мултилатерала“, која ќе содржи контакти и соработка и со Русија, Кина, Индија итн., со...
Праќајте ги творбите до 15 септември!
Повик за соработка од „Колибри“: Раскажете ни ги летните доживувања со збор и цртеж!
Драги деца, за десетина дена ќе почне новата учебна година. Се надеваме дека убаво се одморивте и оти сте подготвени за новите училишни обврски? Но, еве, уште еднаш ќе ве замолиме да бидете дел од последниот повик за соработка на „Колибри“ и да ни раскажете со...
Се интензивира трката меѓу Синер и Алкараз за број 1 во светот
Водечките тенисери на АТП-листата синоќа играа меѓу себе во финалето на мастерс-турнирот во Синсинати, а тоа ќе има огромно влијание врз трката за првото место на ранг-листата на АТП, пред почетокот на гранслем-турнирот САД опен, в недела
ТЕНИС
Финалето на турнирот од серијата Мастерс 1.000 во Синсинати меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз синоќа ќе има огромно влијание врз трката за...








































