Товарно возило се самозапалило кај Плетвар

Товарно моторно возило се самозапалило денеска на патот А3 Прилеп - Градско, на превојот Плетвар во непосредна близина на исклучокот за село Ореовец. Како што информира АМСМ, инфрмацијата ја потврдиле од дежурната служба на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп.

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин, ако дојде во земјата да одржи мировна конференција

Швајцарија ќе му даде имунитет на рускиот претседател Владимир Путин и покрај обвинението од Меѓународниот кривичен суд, под услов да дојде во земјата за да одржи мировна конференција, изјави денеска швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Минатата година, федералната влада ги утврди „правилата за доделување имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница“, имено: „доколку такво лице дојде...

Кривичен суд реагира дека рочишта се одложени поради непостапување на затвори, Утковски одговори дека постапуваат според можностите

Основниот кривичен суд Скопје денеска преку соопштение реагира дека рочиштата за главна расправа биле одложени поради непостапување на Затворските установи. Директорот на затворот Бобан Утковски реагираше на критиките од Кривичниот суд и вели дека затворот во Скопје постапува согласно своите можности и капацитети -Основниот кривичен суд Скопје, согласно заложбите за транспарентно и отчетно работење, како и ефикасно и економично водење...

Пругата од Скопје до Кичево треба да биде готова за две до две и пол години по завршување на студијата, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска истакна дека за две до 2,5 години од завршувањето на студиите пругата од Скопје до Кичево треба да биде готова. - После завршувањето на студиите за две до две ипол години е реално да се заврши, затоа што веќе е трасирана. Таа ќе биде комплетно нова со сигнализација и електрификација, трасата ја...

Ивановска по распитот во Обвинителство вели дека пријавата е за наводно спорно отворање на предметите во ДКСК

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со приватна кривична пријава против неа. Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член...

Трамп вели дека Путин можеби нема да сака да склучи договор за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се надева оти неговиот руски колега ќе продолжи по патот кон завршување на војната во Украина, но призна дека Владимир Путин можеби нема да сака да склучи договор. -Искрено, не мислам дека ќе има проблем. Мислам дека Путин е уморен од тоа. Мислам дека сите се уморни, но никогаш не се знае -...

Универзална сала треба да се отвори до крајот на 2027, вели Љутков

Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи. -Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде околу средината на јули лани...

Лавров го пофали Трамп, а ги искритикува Европејците

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека за време на руско-американскиот самит во Алјаска станало јасно дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим искрено сакаат да постигнат долгорочен и траен мир во Украина. Рускиот врвен дипломат рече дека атмосферата на средбата Трамп-Путин била добра. -Таму (во Алјаска) имаше добра атмосфера. И тоа се одрази во изјавите што...

Љутков: Гласините дека Меморијалната соба на Петре М. Андреевски е во очајна состојба се невистинити, а ракописите се во МАНУ

Сите гласини дека предметите во Меморијалната соба на Петре М. Андреевски се во очајна состојба и дека не се чуваат ракописите се тотална невистина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на археолошкиот локалитет Скупи каде е потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт. -Мојата посета на...

ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен

На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци,...