Свежиот импулс на младоста

Рецензија Филмот „Амаркорд“ (1973) на Фелини е снимен со носталгичен интензитет, но и со инспиративна радост. Во превод значи „Се сеќавам“ и потекнува од дијалектот на приморскиот град од младоста на авторот, Римини. Тука не навираат само сеќавањата од љубовните фантазии во кои главните актерки се продавачки и професорки; низ неговиот дурбински филтер не изостануваат и интерните пријателски шеги, а...

Пјастри добива своја трибина на австралиското гранпри

Формула 1 Оскар Пјастри (24), роден во Мелбурн, ќе има своја трибина на австралиското гранпри следната година. Тој е водечки во шампионатот на Формула 1 сезонава со девет бода предност пред колегата од Мекларен, Ландо Норис. Пјастри веќе освои повеќе гранпри-трки во една сезона од кој било друг австралиски возач откако почна Светскиот шампионат во 1950 година, со шест досега...

Ни војна ни мир

Победата е сигурно на руска страна, тоа го знае Трамп и сака брзо мирно решение. Украинците сакаат мир, бидејќи не им се гине залудно. Тоа не го прифаќаат Зеленски и ЕУ. Свесни се за поразот, но мирот го кочат. Европа е историско заминување, исто како некогашната Стара Грција или Елада, која е само легенда Дали е мирот профит?...

Илиевски: Ќе стојам зад овие играчи сѐ додека го даваат максимумот

Македонија вечерва игра со Унгарија, во Скопје, во последниот меч во претквалификациите за СП 2027 КОШАРКА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2027 Мечот со Унгарија не ни значи резултатски ниту нам ниту ним, но од самиот почеток кажавме дека секој дуел, па дури и оној на тренинг помеѓу две петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч...

Подготвена вашингтонска мапа за Украина

Темелите на договорот за наоѓање излез од војната во Украина се на маса: претседателот на САД, Доналд Трамп, им го презентира тоа на Европејците и на Зеленски. Лидерите на Стариот Континент со своите вербални настапи и фацијални експресии го одобруваат планот на Трамп, но со одредени постапки тие покажуваат дека не го делат оптимизмот на американскиот претседател Во фокус средбата...

Миленкоски: Донесовме нова радост, заслужено сме на ЕП

Оваа репрезентација е за респект поради сето она што го постигна, вели селекторот Миленкоски ОДБОЈКА На третото враќање на клупата на машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, селекторот Јошко Миленкоски одново ја предводи генерацијата до уште едно големо натпреварување, Европското првенство (ЕП) во 2026 година во Финска, Италија, Романија и во Бугарија. По три месеци напорна работа, Миленкоски, неговиот стручен штаб...

Уметницата го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор

Ретроспективна изложба на Жанета Вангели во Националната галерија на Македонија Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена утревечер, во 20 часот, во „Чифте-амам“. Овој проект на Националната галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија...

Непринципиелниот однос на Брисел кон Македонија како карма за судбината на Европа

Лицемерните политики на ЕУ, вклучително и кон земјава, ја направија Унијата некредибилен партнер кон кој светот веќе пристапува со резерва Повеќедецениската блокада на македонските евроинтеграции, најпрво од Грција, потоа од Франција и на крајот од Бугарија, беше еден од показателите дека Европа ги напушта сопствените принципи и вредности, повеќе или помалку свесна дека токму отстапувањето од изворната европска идеја ќе...

„Не“ за европски арбитри со бугарски секири

Апсолутно е недозволиво и неприфатливо македонски внатрешни прашања да стануваат предмет на меѓународна арбитража, да се разгледуваат во некакво посебно тело за арбитража на Европската Унија. Германија ја истакна својата иницијатива преку некаков механизам за арбитража во посебно тело на ЕУ да се решаваат споровите за кои постојат индиции дека се билатерални и оти не се во согласност со...

Невестата Христова во борделот на политиката

Оваа колумна, драг читателу, ја пишував на веста дека МПЦ ја признала Американската православна црква и архиепископот Стефан треба да сослужува со неа во Вашингтон, на што дополнително се возбудиле фарисеите во Фанар, но и некои црковни аналитичари кај нас, кои воопшто не ги познаваат ни битието на црквата ни учењето на Христос. Како се одвиваат понатаму работите и...