Наташа Поплавска ја режира „Татко“ во Никшиќскиот театар
Во Никшиќскиот театар започнаа пробите за новата претстава „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, а премиерата е закажана за почетокот на октомври.
Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и освои престижни награди. Истиот текст е искористен за снимање популарен филм, кој освои „оскар“, истакнуваат од Никшиќскиот театар.
Режисерка е Наташа Поплавска, а Весна Сушиќ ќе...
Авторскиот концерт „Сфера“ на Ана Пандевска во Битола
Композициите „За Џанго“ и „Сфера“ се напишани во 2025 година, наменски за овој концерт каде што и ќе ја доживеат својата премиерна изведба
На 30 август, со почеток во 12 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи авторскиот концерт „Сфера“ на композиторката Ана Пандевска во изведба на пијанистката Дуња Иванова. Музиката на Пандевска за првпат со целовечерен концерт...
Отпуштени повеќето вработени поради вештачката интелигенција
Ерик Вон, извршен директор на софтверскиот гигант „Игнит тех“, отпушти дури 80 проценти од своите вработени затоа што не ја делеле неговата визија дека генеративната вештачка интелигенција е егзистенцијална трансформација.
Како што изјави тој, промената на начинот на размислување е потешка од воведувањето нови вештини, па затоа верува дека се неопходни радикални отпуштања.
Во текот на 2023 и 2024 година, компанијата...
Недостиг од лешници во светот
Цените на лешниците скокнаа за над 35 отсто од април годинава. Редок и разорен мраз го покоси ова овошје во април во Турција, најголемиот снабдувач во светот, а извозниците побрзаа да го купат ограниченото количество. Во еден момент, фјучерс-цените за турските лешници надминаа 200 лири (4,91 долари, 4,22 евра) по килограм, со прогнози од 10 долари по килограм на...
Изложбата „БруталСкоп“ на Нина Рудик во Сараево
Изложбата „БруталСкоп“ на македонската уметница Нина Рудик беше дел од настанот „Испод моста“ во Сараево, кој се одржа десетти пат оваа година. На изложбата изложуваа 15 автори од целиот Балкан.
Изложбата „БруталСкоп“ е нејзин личен и уметнички омаж на брутализмот во Скопје – архитектонски стил, кој и покрај својата грубост за Нина претставува топлина, светлина и слобода.
- Преку објективот, таа...
Виена избрана за град домаќин на „Евросонг“
„Евросонг 2026“ ќе се одржи во Австрија, откако Џеј-Џеј победи на годинашниот натпревар во Базел со песната „Wasted Love“. Организаторите сега го објавија точниот град каде што ќе се одржи натпреварот и кога. „Евросонг 2026“ ќе се одржи на 12 и 14 мај (полуфинале) и 16 мај (финале) во Виена. Големото финале на 70-от евровизиски натпревар ќе се одржи...
Должни сме да го истражуваме, да го заштитиме и да го афирмираме културното наследство
Потпишан договор за соработка со Германскиот археолошки институт
На еден од најзначајните археолошки локалитети во нашата земја, Скупи, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и Лукас Вертер од Германскиот археолошки институт потпишаа меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт, меѓународна научна институција со долгогодишна традиција и светски признаени резултати во областа на археологијата.
- Ми претставува особена чест и задоволство...
Спречен обид за шверц на луксузни часовници на Табановце
Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра, соопшти денеска прес-службата на Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење.
- Непријавените часовници, Rolex...
Проект за византиските монашки центри во Македонија
Институтот за старословенска култура ќе врши истражувања од национален интерес
Институтот за старословенска култура од Прилеп ќе го реализира проектот „Византиски монашки центри во РС Македонија: традиција и континуитет“, со кој ќе се вршат истражувања што се од висок стратешки и национален интерес за нашата држава, со што се вложува во забрзан развој на науката. Со буџет за целата 2025...
Зеленски сака да ги дознае безбедносните гаранции во рок од седум до десет дена
Украина ќе одржи интензивни состаноци за да разбере какви безбедносни гаранции се подготвени да обезбедат нејзините сојузници откако доби сигнали дека САД ќе поддржат дискусии насочени кон прекин на војната меѓу Русија и Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Деталите се разработуваат меѓу советниците за национална безбедност и воените претставници, а Зеленски верува дека ќе има повеќе информации во рок...








































