Свежо време до средината на идната недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, според Управата за хирометеоролошки работи, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната...

Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“. Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна...

На граница се чека до 15 минути за влез и излез од државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради...

Oдбележана 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување

Дваесет и четири годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување беше одбележана вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. На плоштадот и во општинската зграда беше изведена и тактичко - показна вежба. Како што истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри, дипломати, многубројни гости и граѓани, овој ден е посветен на сите припадници...

Писмо од Емине Ердоган до Меланија Трамп: Покажете сочувство и за децата во Газа

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, испрати писмо до Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател, во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажа, како шти вели, кон жртвите од војната во Украина, пренесоа светските новински агенции. Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со...

Грст бадеми може да заштити од оксидативен стрес, покажало истражување

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес - еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување,објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите...

Мицкоски најави реконструкција, зголемен капацитет на Владата по изборите

Ниту една функција не е загарантирана ниту вечна – порача денеска претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој информираше дека веднаш по локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и, како што рече, подобрување на капацитетите на Владата. -Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата секогаш ѝ треба...

Полјаците се против испраќање нивни војници во Украина

Мнозинството од Полјаците се против учеството на нивни војници во мултинационални мировни сили во Украина, покажува анкетата на агенцијата SW Research, пренедува ДПА. Анкетата, нарачана од полскиот весник „Република“, покажува дека 61,1% од испитаниците се против, 17,3% се за и 21,6% неодлучни за евентуално распоредување полски војници во Украина. Мажите се повеќе против отколку жените, а против се и мнозинството од...

Холандскиот министер за надворешни работи Велдкамп поднесе оставка откако не издејствува санкции против Израел

Шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп, од центристичката партија Нов општествен договор, синоќа поднесе оставка откако не успеа да обезбеди владина поддршка за дополнителни санкции против Израел. - Гледам дека не сум во позиција да преземам какви биле значителни дополнителни чекори за да извршам притисок врз Израел - изјави синоќа Велдкамп. Велдкамп во јули ги прогласи за „персона нон грата“ ултрадесничарските...

Референдум во Република Српска за пресудата на Додик на 25 октомври

Народното собрание на Република Српска синоќа на вонредна седница донесе одлука за одржување референдум на 25 октомври во врска со пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против Милорад Додик и одлуката на Централната изборна комисија да му се одземе претседателскиот мандат. Од 65 пратеници присутни на седницата, 50 гласаа за организирање на референдум, објави претседателот на парламентот, Ненад Стевандиќ....