Русија и Украина разменија по 146 заробеници
Русија и Украина денеска разменија по 146 воени затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Денеска, 24 август, 146 руски војници се вратија од територијата контролирана од режимот во Киев - соопшти министерството на Телеграм, додавајќи дека „146 украински воени затвореници беа предадени во замена“, благодарение на посредничките напори на Обединетите Арапски Емирати.
Осум жители на рускиот пограничен регион Курск, кои...
Таксист нападнат од патник и неговите пријатели пред угостителски објект во Ѓорче Петров
Вработен во такси компанија синоќа бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели, по претходна расправија пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров.
- Во СВР Скопје, вчера 23:15 часот Ѓ.П. (41) од Скопје пријавил дека во 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси компанија, по претходна расправија, бил...
Кондарко: Два потписа не се единствен услов за кандидатска листа, ДИК има механизми за непречен изборен процес
И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано.
Кондарко, во интервју за РСЕ вели дека рокот за поднесување на листи е...
Откриени 15 мигранти од Египет и Сирија во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија
Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица - информираат од МВР.
Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.
-Денеска во 00.30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место...
Лавров ги обвини западните држави дека се обидуваат да ги спречат мировните преговори за Украина
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат преговорите за Украина.
- Тие само бараат изговор за да ги спречат преговорите - изјави Лавров во интервју за државниот телевизиски канал „Росија“.
Лавров го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи го како „тврдоглав, кој поставува услови, барајќи по секоја цена итен состанок“...
Остар пад на доларот
На светските пазари, трета недела по ред доларот бележи пад во однос на останатите валути, бидејќи растеа очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки во септември, објави хрватски „Индекс“.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, падна за 0,10 проценти на 97,73 поени минатата недела. Еврото порасна...
Вучиќ претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Според него сега тиe маржи сега се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за подобрување на животниот...
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела.
Одморот...
Карни на ненајавена посета во Киев
Премиерот на Канада, Марк Карни денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
- На Денот на независноста на Украина, во овој критичен момент во историјата на нивната земја, Канада ја засилува својата поддршка и напори за праведен и траен мир - објави Карни на платформата Икс.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, ја...
Со серија панел-дискусии продолжува Саемот-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ
Денеска во Скопје со серија панел диксусии се одржува вториот ден од Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
На Саемот, последователно ќе се одржат пет тематски панел дискусии: „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, „Четири години инвестиции во инфраструктурата“, „Граѓаните главни во носењето на одлуките во општините“, „Меѓународна соработка за развиени општини“...







































