Притвор од 30 дена за осомничен 24-годишник за полови дејствија врз петгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. - Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална...

Заменичката генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска ќе ја посети Бугарија

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението за медиумите на НАТО. Таа ќе одржи неколку билатерални средби. За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО „Бугарија“ во базата во Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за итен одговор...

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои „Наградата на Музата“ на Филмскиот фестивал во Венеција

Документарниот филм „Силјан“ на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска освои едно од најпрестижните признанија – „Cinema and Arts Award“ („Наградата на Музата“) за најинспиративен филм на 82. Венецијански филмски фестивал, издвојувајќи се меѓу 20 меѓународни наслови. Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за Златен лав, токму „Силјан“ успеа да се издвои и да замине од Венеција со врвно...

По уставните измени разумно е да не ѝ бараме ништо друго на Македонија, порача Кошта

Разумно е на Македонија да ѝ се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија. - Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие...

Гаши: Време е државата да зрачи со стабилност и вредности, сплотеноста е нашата најголема сила

По повод претстојниот државен празник – Денот на независноста, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на приемот што го организираше во законодавниот дом, упати порака за единство, сплотеност и визија за иднината на Македонија. Во своето обраќање, Гаши ја нагласи важноста на суштинската сплотеност меѓу граѓаните, почитување на различностите и градење на заедничка иднина без поделби. - Главната порака што...

Алиу: Утврдена е методологијата за работа на интерната комисија

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не само на веќе доставените осум случаи, туку на сите случаи кои ќе бидат доставени или утврдени од страна на интерната комисија, соопшти Министерството за здравство. Министерот Азир Алиу вели дека транспарентноста е клучна во целиот процес. - Се следат меѓународните стандарди...

Собраниска предлог-декларација за фер, слободни и демократски избори

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја разгледа и ја проследи на натамошно читање предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори. Предлог-декларацијата ја поднесе претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во предлог-декларацијата, меѓудругото, се посочува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19-ти октомври, Собранието го изразува своето натпартиско...

Тошковски: Полицијата е активен партнер во меѓународната безбедносна соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го одбележа 7 Септември – Меѓународниот ден на полициската соработка, заедно со раководството на МВР и полицијата. Овој ден, воспоставен со Резолуција на ОН во 2022 година, ја нагласува важноста на глобалната соработка во борбата против транснационалниот криминал. Како што соопштуваат од МВР, Тошковски истакнал дека современите закани, од организиран криминал и тероризам,...

МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава

Се работи на три нови закони, со коишто на студентите ќе им се понудат нови студиски програми, кои се актуелни, како и поголема пракса, за да полесно најдат работа, порача министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која денеска одговараше на новинарско прашање за зошто нашите студенти заминуваат и се запишуваат на факултетите во Словенија. Министерката Јаневска рече дека...

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца...