Ако Обединетите нации се доследни на принципите, Република Македонија повторно ќе се пројави!
Модел што може да послужи за враќање на нашето исконско име
Многу дискусии се отворија изминатите години во државата околу можноста за враќање на уставното име Република Македонија, а во добар дел од нив се изразува скепса дека такво нешто воопшто може да се случи. Но ако доследно се следи линијата на меѓународното право, враќањето на името е повеќе...
Новиот свет на госпоѓата Чет
Како што стареам, сè повеќе чувствувам дека сум странец во овој НОВ СВЕТ. Помладите од мене така го крстија: НОВА нормалност, НОВИ технологии, НОВА сексуалност, нови сфаќања за демократијата (на работ од анархија), значи – тоа е навистина НОВ свет. Токму јас и мојата генерација сме најуверливите сведоци дека тој нов свет навистина постои: нашата збунетост пред него говори...
Почина Илинденка Петрушева, истражувач на историјата на македонската кинематографија
По кратко боледување вчера почина Илинденка Петрушева, филмски критичар, истражувач на историјата на македонската кинематографија, публицист и одговорен уредник на единственото филмско списание „Кинопис“. Петрушева долги години беше раководител во Одделението за истражувачка, издавачка, јавна, меѓународна дејност, библиотечна дејност и филмска програма во Кинотека на Македонија.
Оттаму денеска изразија длабоко жалење и сочувство до семејството посочувајќи дека Кинотека на Македонија...
Елиминиран европскиот шампион Шпанија
По поразот од Грција, четирикратниот европски првак Шпанија ги заврши групните натпревари со резултат 2-3, не успевајќи да ја мине првата фаза за првпат од 1977 година
КОШАРКА – ПО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА МАЖИ
Европа ќе добие нов европски шампион за 2025 година, откако Грција го елиминира актуелниот првак Шпанија на 42. Европско првенство (ЕП) во кошарка за...
Против Лихтенштајн максимално мотивирани
Одигравме квалитетен меч против силен противник и навистина ми е задоволство што работам со вакви фудбалери. Сите се адаптираат на новата формација и задачите, рече селекторот Милевски
ФУДБАЛ – ПО ПОРАЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД САУДИСКА АРАБИЈА ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ПРАГА
Македонската сениорска фудбалска репрезентација пред околу 2.000 гледачи загуби во пријателски меч со 1-2 од Саудиска Арабија во чешкиот град...
Реквием и капија на небескиот мир
Деновиве се збогувавме со еден од доајените на македонскиот пишан збор, Киро Кипроски. Ние двајца сме гостијарци. И не случајно бевме долгогодишни пријатели бидејќи нѐ поврзуваа многу нешта. Некаде во 1980-тите години патувавме низ Европа на начин што не може да се замисли во денешно време. Спиевме претежно во автомобил, но и во шатор. Некаде по кампови, по бензински...
Прашањето за флуктуирачкиот идентитет на Македонците со исламска вероисповед
Наспроти обидите за поделба и негирање, македонскиот идентитет останува единствен
Во периодот од осамостојувањето на РМ како „независна држава“, се засилуваат процесите на етничка, верска и јазична конверзија на Македонците со исламска вероисповед. Доаѓа до систематска мултипликација на етничките и верските „заедници“, до нивна радикализација во севкупниот систем на мултиетничко, мултиконфесионално, мултијазично уредување на државата. Радикализацијата, пак, на верските...
Во Нови Сад голем протест на студентите во блокада
Во Нови Сад вечерва се одржува протест, на кој повикаа студентите во блокада, а како причина го наведоа кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование (ФФК).
Протестите од претходните денови беа организирани со образложение дека, по...
ОЈО ГОКК и АНБ договориле динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување
Тим од истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска биле примени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување, при што, како што соопшти ОЈО ГОКК, била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите...
Цената на нафтата паѓа поради сѐ поголемата понуда и неизвесната побарувачка
Цените на нафтата од типот Брент денеска се намалија на околу 65,5 долари за барел, што е најниско ниво во изминатите три месеци, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) падна на 62 долари за барел, продолжувајќи го падот поради сѐ поголемата понуда и неизвесната побарувачка.
Се појавија повеќе информации што сугерираат дека Организацијата на земјите извознички на нафта...






































