Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска

Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда...

Ниту „забранетата земја“ веќе не е безбедно засолниште за непријателите на Израел

Израелски претставници и аналитичари велат дека одлуката што влијаела да се изврши нападот од страна на Израел врз цели во Катар (каде што се засолнети политичките лидери на Хамас) се темели на две причини. Прво, тоа е сѐ уште силната фрустрација од нападот предводен од Хамас врз Израел во 2023 година и втора причина се - замрените преговори за...

Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“

Pozar Trubarevo
Пожарот е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот во Трубарево кој избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање...

Згасна гласот за дијалог со неистомислениците

Осврт врз дејствувањето и заложбите на Чарли Кирк Тој ги претставуваше традиционалните, семејни, христијански и конзервативни вредности, силно спротивставувајќи се на абортусот, истополовите бракови и трансродовите права. Тој, исто така, се залагаше за строга имиграциска политика, односно спроведување на американските закони на границата, спротивставувајќи се на нелегалната миграција што, според него, ги загрозува безбедноста, економијата и американскиот идентитет Неговиот...

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, на жителите им се препорачува да ги напуштат домовите

Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но се уште е активен. За да се елиминира опасноста од загаденоста на воздухот на жителите што се најблиску до жариштето им се препорачува да ги напуштат домовите и им се ставени на располагање сместувачките капацитети  во Центарот за обука во Идризово - рече на прес-конференција министерот за внатрешни...

Чадот од Трубарево полн со отровни гасови, најризични се децата и бремените жени, предупредува Чибишев

По големиот пожар во Трубарево, со реакција се огласи токсикологот Андон Чибишев, кој предупреди на сериозни последици по здравјето на граѓаните. - Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали...

Министерството за здравство дистрибуира заштитни маски за жителите на Трубарево

Pozar Trubarevo
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Прес-конференција за вечерва во 11 часот најави и Министерството за внатрешни работи. - Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со...

Кина не учествува во војни, ниту во поттикнување конфликти, истакна Ванг Ји

Кина не учествува во војни, ниту во заговори за разгорување на воени конфликти - изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на заедничка прес-конференција со шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон во Љубљана. Ванг нагласи дека проблемите не можат да се решаваат преку војна и дека санкциите само дополнително ги продлабочуваат. Тој ја започна својата европска турнеја на 5...

Експлозија во бар во Мадрид, најмалку 25 повредени, тројца во тешка состојба

Најмалку 25 лица се повредени при експлозија во бар во Мадрид, јави весникот „Паис“ повикувајќи се на полицијата. Тројца од повредените се во тешка состојба. Според првичните информации, експлозијата е предизвикана од истекување на гас. Претходно денеска шпанското издание „Мундо“ информираше за најмалку 21 повреден. Инцидентот се случил во 15.01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во мадридската населба Пуенте де...

Нема повредени лица во пожарот во Трубарево, не се дозволува негово ширење, информира Ангелов

Pozar Trubarevo
Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема - вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар. -Денеска...