Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува во текот на денот чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или пак целосно сопрено. Вели дека повеќе од половината е затрупан со песок, кој според совети од стручни лица, се држи воден, за да престане чадењето.
- Има камиони кои носат песок, со кој со механизација се...
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи за хибриден напад на Владата.
- Од разговорот со сопствениците на „Ф Групација“ во чиј објект со електронски отпаден материјал во Трубарево вчера избува пожар беше укажано оти настанување на пожар во...
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.
Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба.
За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во...
Ќе се вештачи во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити
Соопшти...
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
Јавното обвинителство упатило барање Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата со специјални инструменти да изврши мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до Обвинителството, а се чекаат и резултати од мерења извршени од надлежните служби од...
Лондон: 25 уапсени и 26 полицајци повредени на протест на крајната десница
Лондонската полиција уапси 25 лица на протестот „Да го обединиме Кралството“ организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, на кој беа повредени 26 полицајци.
Полицијата соопшти дека демонстрантите покажале „значителна агресија“ и дека бројот на присутни, меѓу 110.000 и 150.000 луѓе, далеку го надминал очекуваниот.
Според соопштението, полицајците биле нападнати со тупаници, шутеви, шишиња, факели и други предмети.
Четворица полицајци се тешко повредени,...
Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина
Претседателката на Генералното собрание на ООН Аналена Бербок изјави дека мировните сили на ООН би можеле да имаат улога во обезбедувањето мирно решение за војната во Украина, пренесе ДПА.
- Ако се постигне мировен договор, тој мора да биде гарантиран на најдобар можен начин. Ако мнозинството земји-членки сметаат дека за тоа се потребни ‘сини шлемови’, тоа би можело да обезбеди...
Чарли Кирк падна во „трендот на атентати“, кој либералите го сметаат за „донекаде оправдан“
Харизматичниот основач на конзервативната младинска организација „Трнинг поинт Ју-ес-еј“ и долгогодишен сојузник на претседателот Доналд Трамп држеше говор под шатор на кампусот во Орем, Јута, кога еден истрел го погоди во вратот. Тој се сруши, беше итно префрлен во локалната болница и подоцна прогласен за мртов. Кирк, кој стана речиси исто толку влијателен во орбитата на претседателот колку што...
Пораки од бункерот на Фон дер Лајен
На првата парламентарна седница по летниот одмор, Фон дер Лајен се соочи со исвиркувања и потсмев од европратениците - главно од десното крило додека зборуваше за Газа, но подоцна, кога се осврна на електричните автомобили, тоа се случи дури и од оние што се на нејзина страна
Осврт на годишното обраќање на претседателката на Европската комисија
Претседателката на Европската комисија, Урсула...
Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска
Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје.
Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда...







































