Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“.
- Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите, ситуацијата е стабилна и не постои опасност за понатамошно ширење - напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
Покрај премиерот, на терен беа и директорот на Дирекцијата за заштита и...
Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола
Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од локацијата каде изби пожарот. Сега се работи на догасување и проверување дали има остатоци од самото горење.
- Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на почетокот. Се надевам дека до крајот...
Во Град Скопје и општините во земјава поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници
По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Во оваа бројка...
МОН: Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна...
Половина век посветен на популаризација на македонскиот јазик и литература во Русија
ЕДНА „ВЕЧЕР СО ОЛГА ПАНКИНА“, ДВА ЗНАЧАЈНИ ЈУБИЛЕЈА
Во Друштвото на писателите на Македонија, утре со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и претставувачка на македонската книжевност и култура. Едновремено ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и петнаесет...
Една хоспитализирана пациентка по пожарот во Трубарево, тројца на домашно лекување
Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство...
МЖСПП: Преземени се итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните
Во врска со пожарот во магацинот за електронски отпад „Ф-групација“ во Трубарево, Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад...
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек
Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се приведени четири лица. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Уверува дека се преземени сите мерки и оти така ќе биде и во наредните денови.
- Приведени се...
Два бронзени медала за Македонија
Балканско првенство во џудо
Викендов во Пеќ, Косово, се одржа Балканско сениорско првенство во џудо, во поединечна и Микс тимс конкуренција. Беа присутни преку 100 џудисти од Македонија, Албанија, Босна, Грција, Турција, Молдавија, Црна Гора, Романија и Косово.
Македонската репрезентација од ова натпреварување се враќа со два бронзени медала. Првиот ден во поединечна конкуренција Сергеј Димитријоски се закити со бронза во...
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува во текот на денот чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или пак целосно сопрено. Вели дека повеќе од половината е затрупан со песок, кој според совети од стручни лица, се држи воден, за да престане чадењето.
- Има камиони кои носат песок, со кој со механизација се...







































