Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именува армискиот генерал Денис Лијамин за раководител на новоформираната команда за беспилотни системи, во рамки на реорганизацијата на Врховната воена команда.
Именувањето беше соопштено на состанок со високи претставници на руското Министерство за одбрана, кој беше пренесуван на руските државни медиуми.
Путин го опиша Лијамин како „еден од најквалификуваните специјалисти“ за командување со силите за беспилотни воздушни системи, истакнувајќи дека тие имаат клучна улога во војната во Украина, пренесе „Ројтерс“.
Лијамин е дипломец на Високата тенковска командна школа и во моментов ја извршува функцијата началник на штабот на групацијата „Центар“ на руските сили ангажирани во Украина.
Рускиот претседател најави дека генералот во блиска иднина и официјално ќе ја преземе новата должност. Според Reuters, формирањето на посебна команда за беспилотни системи е дел од пошироката реорганизација на руските вооружени сили.
































