Над еден милион луѓе излегоа на протести низ француските градови против буџетските мерки за штедење

Над еден милион луѓе низ цела Франција учествуваа денеска на демонстрациите организирани од осум француски синдикати во обид да влијаат врз новиот премиер и неговите буџетски одлуки, соопшти синдиокатот Се-Же-Те (CGT), еден од двата главни синдикати. Овој број е поголем од оние што излегоа за време на последните големи демонстрации против пензиската реформа во јуни 2023 година, кога, според истиот...

Мицкоски: Има приведени за пожарите во Вардариште и во Трубарево

Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни и институциите секогаш кога се пред предизвик се организираат екстремно брзо, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интевју за Алста М во врска со пожарите и тврдењата за постоење индиции за хибридни напади. - Има индиции. Имаме основано сомнение кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше....

„Ниту една повеќе!“ – протест против насилството врз жените

Протест против насилството врз жените и растечкиот број фемициди се одржа денес во Скопје, под слоганот „Ниту една повеќе!“. Настанот започна во 17:30 часот пред Министерството за внатрешни работи, а продолжи кај паркот Жена Борец во 18 часот. Протестот е поддржан од граѓанските организации „Стела“, „Маргини“, „Медуза“ и „Реактор“. Протестот се одржа во знак на солидарност со жртвите, но и како апел...

Во протестите ширум Франција повредени шестмина полицајци и приведени 119 лица

Во денешните протести низ цела Франција, до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ, објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите. Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243.000 демонстранти. За време на протестите биле блокирани 92 патишта. Учесници на...

Украина денеска презеде од Русија тела на над 1.000 убиени војници, предаде само 24

Украина денеска презеде над 1.000 тела кои ѝ ги предаде Русија, а за кои тврди дека се тела на украински војници убиени во битка, објави на Телеграм Центарот за воени заробеници на Владата на Украина. Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија зеде повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои беа предадени од Украина. Украинските власти се претпазливи...

Ропке: Сакаме во следните години кон ЕУ да се приклучат нови членки

Верувам дека пораката на Европската комисија до кандидатите за членство е дека сме спремни за прием и сакаме во следните години нови земји членки да се приклучат кон ЕУ, се разбира, кога ќе ги исполнат условите, вели претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке. - Tоа отсекогаш беше ветување на Европската Унија. Но, можевме да видиме во...

Нова едукативна кампања со фокус на 20 години од реформирањето на пензискиот систем „Засади желба за стабилна иднина“

Прес-конференција со која официјално започна петтата едукативна кампања „Засади желба“, во организација на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС се одржа денес во хотел „Мериот“. Оваа година кампањата се одвива под мотото „Засади желба за стабилна...

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е многу коплексно прашање

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва. Согласни се дека прашањето за...

Николоски: Креираме нов правилник за изградба на велосипедска инфраструктура

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешната конференција посветена на подобрување на...

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови

Новите лекови за мускулна дистрофија кај нас се недостапни. Моментално нашите деца не се покриени со новата генерација на „ваморолон“ и „дефлазакорт“ и се користи кортистероидната терапија „декортин“, која е стара генерација лекови. Недостига и лекот „гивиностат“ за лица во мускулна дистрофија тип Душен, која го забавува процесот на прогресија на болеста и се покажа како многу ефикасен, истакна...