Злато и рекорд за Черотич, трета титула во низа за Мун…
АТЛЕТИКА - ПЕТТИ ДЕН НА СП 2025
И петтиот ден на Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио (Јапонија) донесе многу возбудувања и рекорди. Кениската атлетичарка Фејт Черотич го освои златото во трката на 3.000 метри со пречки со време на нов рекорд на мундијалите, од осум минути, 51 секунда и 59 стотинки. Со злато се закити и...
Македонија 63-та, Шпанија води првпат по 11 години
ФУДБАЛ - РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА
Македонската репрезентација е на 63. место на септемвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена вчера. Црвено-жолтите на претходното рангирање, во јули годинава, беа на 62. место. На врвот на листата има промена, сега водечка е Шпанија, пред Франција, а досегашниот лидер Аргентина е на третото место. Шпанската репрезентација се врати на првата позиција по...
Италија со дуелот со Австрија ја почнува одбраната на титулата
ТЕНИС - ДЕЈВИС-КУП
Актуелниот победник на тенискиот Дејвис-куп, репрезентацијата на Италија, ќе игра со Австрија во четврт-финалето во ноември годинава, реши ждрепката влечена во Болоња, каде што ќе се игра турнирот со осум репрезентации. Победникот на таа средба во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Франција - Белгија, а другите четвртфинални двојки се Шпанија - Чешка и Германија -...
Ѓорческа се пласира во четврт-финалето
ТЕНИС - ТУРНИР ВО КУРШУМЛИСКА БАЊА
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнирот (вкупен награден фонд од 60.000 долари) што се игра на земјена подлога во Куршумлиска Бања (Србија), со победата на дуелот од осминафиналето со Анастасиа Золотарева со 6-0, 6-3, за вкупно еден час и 15 минути игра.
Ѓорческа, која е втора носителка на турнирот, во првото...
ЕЏУ: Скопје со Европскиот куп заокружува една извонредна година
ЏУДО
Организирањето настани од ваков обем само ќе ја мотивира следната генерација македонски џудисти да се стремат кон меѓународни медали, пишува Европската џудо-унија (ЕЏУ) на својата интернет-страница во пресрет на Европскиот куп викендов во Скопје, каде што во јуни се одржа ЕП за кадети, еден месец подоцна следуваше ЕМОФ, а во август Европскиот куп за јуниори
Скопје ќе биде домаќин на...
Над еден милион луѓе излегоа на протести низ француските градови против буџетските мерки за штедење
Над еден милион луѓе низ цела Франција учествуваа денеска на демонстрациите организирани од осум француски синдикати во обид да влијаат врз новиот премиер и неговите буџетски одлуки, соопшти синдиокатот Се-Же-Те (CGT), еден од двата главни синдикати.
Овој број е поголем од оние што излегоа за време на последните големи демонстрации против пензиската реформа во јуни 2023 година, кога, според истиот...
Мицкоски: Има приведени за пожарите во Вардариште и во Трубарево
Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни и институциите секогаш кога се пред предизвик се организираат екстремно брзо, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интевју за Алста М во врска со пожарите и тврдењата за постоење индиции за хибридни напади.
- Има индиции. Имаме основано сомнение кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше....
„Ниту една повеќе!“ – протест против насилството врз жените
Протест против насилството врз жените и растечкиот број фемициди се одржа денес во Скопје, под слоганот „Ниту една повеќе!“.
Настанот започна во 17:30 часот пред Министерството за внатрешни работи, а продолжи кај паркот Жена Борец во 18 часот.
Протестот е поддржан од граѓанските организации „Стела“, „Маргини“, „Медуза“ и „Реактор“.
Протестот се одржа во знак на солидарност со жртвите, но и како апел...
Во протестите ширум Франција повредени шестмина полицајци и приведени 119 лица
Во денешните протести низ цела Франција, до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ, објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите.
Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243.000 демонстранти. За време на протестите биле блокирани 92 патишта.
Учесници на...
Украина денеска презеде од Русија тела на над 1.000 убиени војници, предаде само 24
Украина денеска презеде над 1.000 тела кои ѝ ги предаде Русија, а за кои тврди дека се тела на украински војници убиени во битка, објави на Телеграм Центарот за воени заробеници на Владата на Украина.
Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија зеде повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои беа предадени од Украина.
Украинските власти се претпазливи...






































