Фото: Пексел

Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните сомнителни случаи се негативни.

– Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на Пи-си-ар тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска – соопштува денеска Министерството за здравство.

Оттаму велат дека во координација со надлежните институции, внимателно се следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана.

Западнонилската треска е вирусна инфекција што се пренесува преку убод од заразен тигрест комарец. Најчесто поминува без симптоми, но кај мал број пациенти може да предизвика сериозни невролошки компликации како енцефалитис или менингитис.