Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови
Новите лекови за мускулна дистрофија кај нас се недостапни. Моментално нашите деца не се покриени со новата генерација на „ваморолон“ и „дефлазакорт“ и се користи кортистероидната терапија „декортин“, која е стара генерација лекови. Недостига и лекот „гивиностат“ за лица во мускулна дистрофија тип Душен, која го забавува процесот на прогресија на болеста и се покажа како многу ефикасен, истакна...
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се придржувала до постапките за делата кои ми се товарат, притоа, постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ, значи тоа се европски пари, за коишто претходно ме...
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.
Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон...
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.
Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок...
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад и закана со остар предмет
Во ОВР - Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС-локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Локаторот бил одземен, а на М.Б. му...
Локални избори 2025: ДИК ќе ги објави описите на 3.480 избирачки места
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на својата веб - страна ќе ги објави описите на 3.480 избирачки места за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври 2025. Општинските изборни комисии (ОИК) исто така ќе ги објават описите на избирачките места.
Како што беше нагласено на денешната 135. седница на ДИК, од понеделник започнува обуката на избирачките одбори за изборите за...
Клуб на пратенички: Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат институциите
Жените-пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија заедничка реакција, со која апелираат за доследно почитување на законите, како и за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените, особено при спречување и превенција на фемицидот.
- Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело....
На протестите низ Франција уапсени 55 лица
На протестите низ Франција денеска беа уапсени 55 лица, од кои 22 беа уапсени во Марсеј и седум во парискиот регион, според извештајот на француската полиција.
Полицијата и жандармеријата регистрираа 170 протести во Франција, вклучувајќи 63 блокади, а протестите го нарушија сообраќајот на неколку линии на јавен превоз во парискиот регион, објави телевизијата БФМ.
За денеска во Франција се најавени 250...
Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија.
- Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска...
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПM-10 честичките
Просечните концентрации на ПМ-10 честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Идикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (ПМ-10) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени во периодот од 17...







































