Пријателството меѓу нашите две земји нека трае со генерации

Обраќање на Су Леи, вршител на должноста амбасадор на НР Кина во Македонија, по повод 76-годишнината од основањето на Народна Република Кина Кинеската амбасада во Македонија вечерва одржа прием во хотелот „Мериот“ во Скопје по повод одбележувањето на 76-годишнината од основањето на Народна Република Кина и одбележување на 80-годишнината од победата на Кинеската народна војна на отпор против јапонската агресија...

Руската амбасада донираше литература во библиотеката во Прилеп

Пригодна културно уметничка македонско - руска вечер се одржа вечерва во ГБ ,,Борка Талески,,. Во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, директорот на библиотеката г-ѓа Андријана Ристеска, амбасадорот на РФ, Н.Е Сергеј Баздникин, претставници од МПЦ и почитувачи на руската култура и традиција, се читаше поезија на македонски и руски јазик, се свиреше руска музика, се пееја руски песни, со што...

Силјановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Siljanovska Davkova - Guteresh
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок. Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава,...

Седум од девет клучни системи на Земјата се во ризик, објави Институтот за истражување на влијанието на климата

Поголемиот дел од виталните функции на нашата планета се во ризик, открива нов извештај објавен денеска од страна на Институтот за истражување на влијанието на климата во Потсдам (ПИК). Извештајот, наречен „Проверка на здравјето на планетата“, покажува дека се надминати седум од деветте критични граници на стрес - пренесе „ДПА“. Нова загриженост е закиселувањето на океаните, кое се случува кога морската...

На скрининг во Трубарево, од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани на Клиниката за пулмологија

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите поминале без знаци за натамошен третман - рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни. Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење,... да се...

Стручна комисија утре во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото девојче

Министерот за здравство Азир Алиу вечерва рече дека утре стручна комисија ќе оди во тетовската болница и во приватната здравствена установа каде почнало лекувањето на починатото седумгодишно девојче, за да утврди што се случило. Според него, уште е рано да се излезе со информации во јавноста зашто се чекаат резултати и од обдукцијата. Како што информира Алиу, веќе е добиен наод...

Разбиена сириска мрежа, парите од дрога ги претворале во златни прачки и ги транспортирале во Косово и Македонија

Италијанските обвинители соопштија дека разбиле мрежа предводена од Сиријци, осомничени за перење пари од трговија со дрога во Италија и Франција, претворајќи ги парите во златни прачки. Златото потоа било транспортирано во различни земји, вклучително и во Косово и во Македонија - објавија албанските медиуми повикувајќи се на „РЕЛ“. Италијанската полиција уапси пет лица во северните региони Пиемонт и Ломбардија...

Светската дипломатија во Њујорк под будно око, засилени безбедносни мерки за 80.Сесија на Генералното собрание на ОН

Њујорк оваа недела е под највисоко ниво на безбедносни мерки во годината, поради одржувањето на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што јави известувачот на МИА, над 140 светски лидери, делегации и дипломати се присутни во градот, што ја активира целата безбедносна инфраструктура на федерално, државно и локално ниво. Сесијата е класифицирана како настан од висок национален ризик. Во...

Зеленски ги повика светските лидери на итна акција против Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во денешното обраќање пред Генералното собрание на ОН ги повика светските лидери на итна акција против Русија. Тој истакна дека само со сила може да се гарантира мир. - Само ние можеме да ја гарантираме сопствената безбедност. Нема безбедносни гаранции, освен пријатели со оружје - посочи Зеленски, додавајќи оти Русија одбива примирје. Според него рускиот претседател нема...

Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК - соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски. Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител...