Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи
Ненадејната срцева смрт кај млади загрижува, важно е да има регистар и скрининг за да се спасат животи, ова беше истакнато во изјави за МИА од експерти учесници на Вториот состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area), што денеска се одржува во Скопје, во организација на здружението „Судска...
Силјановска – Давкова: Ќе го конституирам советот за дијаспора за да ги интензивираме контактите и да бидеме заедно и тогаш кога сме одвоени
Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Силјановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД.
- Должници сме кон вас и јас ветувам дека се...
Соло-концерт на импровизирана амбиентална музика на „Амплидајн ефект“
Во Културно-информативниот центар во Скопје (Салон 19:19) вечерва, во 20 часот, ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на „Амплидајн ефект“.
„Амплидајн ефект“ е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, кој е активен од 2009 година. Во текот на изминатите години проектот издаде голем број албуми и настапи на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои: „Похода“ (Словачка),...
Оркестарот „Александар“ – промотор на македонскиот фолклор во Австрија и низ светот
Интересот постојано расте. Можеби Виена е единствено место, надвор од Македонија во кое академски се изучува македонската тамбура. Сето тоа е резултат на нашите залагања
Се вели дека еден човек, живее додека има кој да го споменува, еден јазик живее додека има кој да го зборува, а музиката на еден народ постои додека има кој да ја изведува и...
„Хевенфетамин“ од Јапонија во „Ла кања“
„Хевенфетамин“ се Хироки Ода (синтисајзер/вокали) и Сара Ода (тапани/вокали) од Јапонија, кои ќе настапат утре, во 21 часот, во клубот „Ла кања“. Тие свират музика што е истовремено прецизна и непредвидлива, ги синхронизираат тапаните со електронски синт секвенци и луп педали, создавајќи хаос од дисциплина и слобода во кој се раѓаат композиции што пулсираат како техно, но задржуваат панк-енергија...
Сакам кога ми е чисто – честа опсесиjа
„Сакам кога ми е чисто“ е реченица што некои луѓе често ја изговараат. Кога тоа е премногу често, сепак, можно е да станува збор за опсесивно-компулсивно нарушување, како што велат психотерапевтите. Ова нарушување не значи прекумерна уредност, туку повторувањето на таа реченица само може да укаже на психолошки проблем. Зашто опсесивно-компулсивното нарушување спаѓа во анксиозните нарушувања, кои се карактеризираат...
„Маалски фестивал 4.0“ на повеќе локации во Центар
Почнува најновото издание на „Маалски фестивал 4.0“, кој ќе трае до 27 септември 2025 година, на повеќе локации во општината Центар: во КСП „Центар–Јадро“, Паркот на франкофонијата, Боемска 2 и Природонаучниот музеј.
Годинашното издание на фестивалот е во духот на солидарноста и соседството.
- Фестивалот го отвораме со маалско мезе, од 17.30 часот на Боемска 2. Дојдете на нашата радосна трпеза,...
Одамна заборавениот вкус на слободата
(Кон претставата „Ангели во Америка, среќна фантазија на национални теми – Дел прв: Милениумот наближува“, во режија на Филип Петковски, а во продукција на Македонскиот народен театар и во копродукција со Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ од Скопје. Главни улоги: Јордан Симонов, Илин Јовановски, Александар Стоименовски, Наталија Теодосиевска, Стефан Спасов и др.)
Обемната драма на Тони Кушнер, автор...
Дариус Конџи голема инспирација за младите кинематографери
Дариус Конџи e лауреатот на „златна камера 300“ за животен опус и потписник на прекрасни кадри што говорат за неговата големина. Во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“, во преполното кино „Манаки“, тој одржа инспиративен мастерклас пред студенти, филмски професионалци и љубители на филмската уметност.
Мастеркласот на големиот Конџи во Битола беше вистинска можност за учесниците да се запознаат со неговото...
„Наследена носија“ на Мила Добревска
Во галеријата „Пионери“ е поставена самостојната изложба на Мила Добревска, со наслов „Наследена носија“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
„Наследена носија“ го пресликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во нови обележја на современото однесување. Во овој контекст наследените носии не се само облеката што ја носиме туку и начинот на кој се претставуваме...







































