Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. - Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната - изјави Трамп, без да открие повеќе детали. САД...

Нигер сака со Русија да гради нуклеарни реактори и да експлоатира ураниум

Министерот за рударство на Нигер, Усман Абарчи на Форумот за нуклеарна енергија, што се одржува во Москва, изјави дека неговата земја сака да изгради два нуклеарни реактори од 2.000 мегавати во партнерство со „Росатом“. - Реакторите би се граделе под надзор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ). Да, многу сме амбициозни, но тоа ни е многу важно, всушност е...

Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување

На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска е пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно. Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата се вклучени и екипи од...

Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа. Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа...

Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат

Министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село. Во однос на скринигот, повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат...

Техничка надградба на хибридна сала за ендоваскуларен третман на пациенти на државна кардиохирургија

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија во Скопје попладнево имаше промоција на техничка надградба на хибридна сала за ендоваскуларен третман на пациенти, како што беше соопштено од надлежните, сега опремена со дополнителна современа опрема, единствена во регионот - нагласено, каде на едно место ќе може да биде извршена дијагностика. На промоцијата, покрај директорот Дејан Димитровски, присутни беа и премиерот...

Завршени осумте „кардиолошките случаи“, во вторник ќе почанaт да се разгледуваат новите пет

Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети од „кардиолошките случаи“, а во вторник ќе продолжи со работа по новите пет, соопшти денеска ресорниот министер Азир Алиу. Како што истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за кардиохиругија, со странските експерти кои треба да дојдат во земјава договор ќе се потпише по изборите. - Нашата Комисија...

Потребна е континуирана кампања за подигнување на свеста за органодарителство

Потребна е континуирана државна кампања за подигнување на свеста на граѓаните за органодарителство, порачаа денеска од Струга учесниците на третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant, во организација на здружението „Нефрон“. Претседателот на „Нефрон“, Душко Ѓеоргиев посочи дека здужението прави кампања 22 години, но оти тоа не е доволно. - Тој што сака да прими орган,...

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, вели Мицкоски

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно...

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина

Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо...