Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат
Министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село.
Во однос на скринигот, повтори дека вкупно 18 лица треба да продолжат...
Техничка надградба на хибридна сала за ендоваскуларен третман на пациенти на државна кардиохирургија
Во ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија во Скопје попладнево имаше промоција на техничка надградба на хибридна сала за ендоваскуларен третман на пациенти, како што беше соопштено од надлежните, сега опремена со дополнителна современа опрема, единствена во регионот - нагласено, каде на едно место ќе може да биде извршена дијагностика.
На промоцијата, покрај директорот Дејан Димитровски, присутни беа и премиерот...
Завршени осумте „кардиолошките случаи“, во вторник ќе почанaт да се разгледуваат новите пет
Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети од „кардиолошките случаи“, а во вторник ќе продолжи со работа по новите пет, соопшти денеска ресорниот министер Азир Алиу.
Како што истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за кардиохиругија, со странските експерти кои треба да дојдат во земјава договор ќе се потпише по изборите.
- Нашата Комисија...
Потребна е континуирана кампања за подигнување на свеста за органодарителство
Потребна е континуирана државна кампања за подигнување на свеста на граѓаните за органодарителство, порачаа денеска од Струга учесниците на третите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти од Мрежата SEEN Transplant, во организација на здружението „Нефрон“.
Претседателот на „Нефрон“, Душко Ѓеоргиев посочи дека здужението прави кампања 22 години, но оти тоа не е доволно.
- Тој што сака да прими орган,...
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, вели Мицкоски
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно...
Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина
Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо...
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.
Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет.
- Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен...
Среќата ја одбра Битола — нов автомобил „форд куга“ од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија
Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил „форд куга“ (FORD KUGA) од инстант лозот „Титаниум“.
- Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене - ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е...
Во дел од пријавите на Росица Коцева не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите
По насока на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и...
Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, потребен е кадар
Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии.
Според Пандов, гледано низ призма на бројот на повратници во...







































