Трамп смета дека Ердоган би можел да помогне во завршувањето на војната во Украина

Trump - Erdogan
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да помогне во посредувањето во војната меѓу Москва и Киев затоа што Русија го почитува - изјави американскиот претседател Доналд Трамп. - Русија го почитува. Украина, не можам да ви кажам за Украина, но рускиот претседател Владимир Путин го почитува - им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ синоќа додека леташе...

Москва го обвини Ходорковски за заговор за преземање на власта

Mikhail Khodorkovsky
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека отворила кривична постапка против протераниот критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски, обвинувајќи го за создавање „терористичка организација“ и заговор за насилно преземање на власта. ФСБ соопшти дека истражува повеќе од 20 лица поврзани со случајот, вклучувајќи го истакнатиот дисидент Владимир Кара-Мурза, поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, поранешниот премиер Михаил Касјанов...

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144....

Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за...

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави дека нашата држава го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА: Национална ВИ Фабрика и Антена“ (AI Antenna Factory), кој се реализира со поддршка на Министерството и со финансиска помош од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPС. - Ова е капитален проект со историско и национално значење. Нова...

„PANTHEON е подготвен за е-фактурата уште пред официјалниот старт“

Интервју со Сашо Јовановски, директор на Даталаб МК Со воведувањето на системот за електронско фактурирање (еФактура), Македонија започнува ново поглавје во дигитализацијата на економијата. Е-фактурата не е само замена на хартиената фактура со дигитална, туку целосна системска реформа која ќе донесе: • намалување на административниот товар, • подобрување на внатрешните контроли, • побрза и посигурна деловна комуникација, • реална слика за побарувањата меѓу субјектите...

Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ според највисоки стандарди, ќе се реновира и КАРИЛ

Целосно реновиран болнички оддел е отворен денеска на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Одделот денеска го посетија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски. Директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски изјави дека реновирањето на болничкиот оддел претставува значаен чекор напред во подобрувањето на здравствената заштита...

Oдобрени 7 милиони евра за 270 образовни проекти од програмата ЕРАЗМУС, истакна Јаневска

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја почна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025 со активноста „Еразмус штафета - кутија во движење“. Првите учесници се учениците и наставниците од ОУ „Ацо Шопов“ во Бутел кои веќе имаат искуство во програмата каде симболично ги оставија своите пораки и препораки во специјалната кутија, со цел да ги охрабрат новите...

„Иконописот- коренот на македонското сликарство“ – самостојна изложба на уметницата Славица Танеска

Младата уметница Славица Танеска утревечер во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје, со почеток во 20 часот ќе одржи самостојна изложба насловена „Иконописот- коренот на македонското сликарство“. Ќе се претстави со 15 икони работени на ореово, липово дрво и медијапан со акрилни бои. - По 15 години од мојата прва самостојна изложба, која ја реализирав во ЦК „Григор Прличев“ – Охрид и...

Реконструкција на Железничката станица во Скопје треба да биде готова за пет-шест години

Почнува проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје, за ремонт на пругата Зелениково- Велес, како и за санација на неколку свлечишта и на мостот на Црна Река што се урна делумно во 2022 година.  Активостите ќе ги спроведе ЈП Македонски железници инфраструктура во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет. Синиша Ивановски, директор на МЖИ Инфраструктура денеска изјави...