Словачка останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија, порачал Пелегрини на средбата со Гаши
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Словачката Република, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на нашата земја.
Како што информираат од собраниската прес-служба, во пријателска и конструктивна атмосфера, соговорниците ја потврдиле одличната билатерална соработка меѓу двете држави и изразија подготвеност за нејзино дополнително унапредување на сите нивоа.
Претседателот Гаши му посакал добредојде на...
Патувај душо убава: Пријателите и колегите се простуваат од Панчо
Утрово, по седуммесечно лекување, престана да чука срцето на Владимир Блажев-Панчо. Тој беше тешко повреден на 16 март, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загина и Андреј Ѓорѓиески, со кого цели 20 години заедно настапуваа во дуото „ДНК“. Последниот нивни концерт во Кочани беше фатален за скоро сите придружни членови на групата. Вкупниот број на жртвите...
Збирката раскази „Облогот“ на Станка Бајлозова-Барламова ќе ве замисли
„Облогот“ е насловот на новата книга на Станка Бајлозова-Барламова која што излезе од печат неодамна. Во неа се собрани 22 приказни кои што со сигурност нема да остават рамнодушен ниту еден читател.
- Дали луѓето секојдневно свесно или несвесно се обложуваат и се коцкаат со највредните работи кои што ги поседуваат во животот? Каков е исходот од таквиот вид обложување?...
СЗО бара построга политика за алкохолот во борбата против рак во ЕУ
Светската здравствена организација (СЗО) повика на решителни политички мерки против алкохолот за да се спречат десетици илјади случаи на рак во Европа, се вели во соопштение објавено денеска.
- Силните политики за алкохол се меѓу најпаметните инвестиции што можете да ги направите - наведоа Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРК) при претставувањето...
Израел нема да го отвори преминот Рафа бидејќи Хамас не ги вратил сите тела на заложниците
Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, што е пропишано со договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполни својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
Како што сајтот најави,...
Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени
Европската комисија ги казни модните брендови „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со вкупна сума од над 157 милиони евра поради договарање на цени при препродажба, со што ги прекршиле на правилата за конкуренција на ЕУ.
Како што соопшти Комисијата, нејзината истрага утврдила дека трите компании ја ограничувале можноста на независните трговци на мало со кои соработуваат да одредуваат свои онлајн и...
Лекорни ја суспендираше пензиската реформа на Макрон
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска објави дека ја суспендирал контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон, со што се одложува планираното зголемување на возраста за пензионирање на 64 години до јануари 2028 година, јави ДПА.
Нацрт-буџетот беше презентиран на денешниот прв состанок на кабинетот на новата влада, со проектирана цел за намалување на буџетскиот дефицит од очекуваните 5,4 отсто оваа...
Трамп: Орбан е фантастичен лидер, го сакаме
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е „фантастичен“ лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.
Во видео објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, Трамп го фали Орбан.
- Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што...
Судири меѓу белгиската полиција и маскирани учесници на протестен марш во Брисел, десетици уапсени
Неколку десетици лица се уапсени при судири меѓу припадници на белгиската полиција и маскирани учесници на синдикалниот протестен марш што денеска се одржа во Брисел во рамки на еднодневниот генерал штрајк.
Според полицијата, до инцидентот дошло кога група демонстранти почнале да фрлаат кеси со боја и петарди кон седиштето на белгиската Канцеларија за миграција. Полицијата интервенирала за да го спречи...
Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, рече Пелегрини
Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската перспектива и вистинскиот начин на којшто ќе се напредува. Но ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат на ЕУ и можат едноставно...







































