ДЗСИ: Парична казна за Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца
По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка...
Силјановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера
Претседателката Гордана Силјановска Давкова очекува претстојните локални избори да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи.
Силјановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на...
Добар потег е што е побарано мислење од Венецијанска комисија за реформите во судството, вели Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет на закони за реформите во судството и дека веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи, како што нагласи „не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени“.
Силјановска-Давкова рече дека...
Прв Фестивал на рана музика „Dulcia Sonant“
„Dulcia Sonant“ е новиот фестивал во Прилеп, што на 16 и 17 октомври го организира ЦК „Марко Цепенков“со поддршка на Министерството за култура.
Фестивалот на рана музуика, кој се организира за првпат беше најавен денеска на прес-конференција.
Ана Митоска и самата учесник во фестивалот и дел од организацијата рече дека „Dulcia Sonant“, отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и...
Во Штип вечерва „Ѕвездено небо во чест на Панчо“
„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва во 20 часот во Штип. Граѓаните ќе се соберат на Градскиот плоштад „Слобода“ за да му оддадат почит на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера, по речиси седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, им подлегна на повредите и почина.
- Затоа, во негова чест, под отворено небо, Штип ќе застане...
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
Албанската полиција привела жител на пограничното село Маќелари, поради шверц на стока од македонска територијата, како и царински службеници за помагање во делото.
- Приведен е А.Ц. (42) жител на село Маќелари во чие возило „Опел" откриена е поголема количина детергенти и друга стока, прошверцува од Македонија, преку граничниот премин „Блато". Приведени се и двајца царински службеници, за корупција и...
Во болницата во Гостивар почнаа да се извршуваат ортопедски операции
Во гостиварската болница од денеска почнаа да се извршуваат операции во одделот за ортопедија. Тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје во наредниов период ќе работи со гостиварските лекари, со што, како што беше кажано на прес-конференција, идните пациенти нема да треба да патуваат и ќе се лекуваат поблиску до местото на живеење.
Министерот за здравство Азир Алиу при денешната...
МЕПСО и Француската агенција за развој потпишаа договор од 600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа
Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD) денеска беше потпишан во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.
Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната...
Во Кавадарци почна судењето по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување
Во Основниот суд Кавадарци денеска беше одржано првото рочиште по обвинителен предмет за сомнеж за несовесно лекување на пациентка на возраст над 35 години од Кавадарци.
Случајот датира од пред две години, а на денешното рочиште обвинетиот лекар се изјасни дека не се чувствува виновен по обвинението. Во текот на рочиштето беа сослушани и тројца сведоци.
Следното рочиште е закажано за...
Силјановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не нѐ делат туку нѐ зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на отворањето...







































