Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. - Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот...

Зајакната соработка меѓу АНБ и Канцеларијата за безбедност на НАТО

Размената на информации, стратешката доверба и заедничкото планирање на безбедносните активности, како предуслов за ефективно справување со современите безбедносни ризици се дел од темите кои денеска биле разговарани на средбата меѓу директорот на Агенцијата за национална безбедност АНБ, Бојан Христовски и директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО, Гејлен Нејс во Скопје. Како што соопштија од АНБ на средбата се...

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските...

Национален сојуз на слепи: Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која му овозможува независност

По повод Меѓународниот ден на белиот стап, Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија го истакнува значењето на ова незаменливо помагало за лицата со оштетен вид. Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која нему му овозможува независност, слобода и безбедност при движењето. Со правилна употреба, појаснуваат од Сојузот, белиот стап обезбедува три клучни...

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на...

Срушен ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци, срушен е јужниот ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство. Директорот на националната установа Завод и музеј Охрид Горан Патчев, за МИА информира дека направиле увид, ќе се стопира работата на терен и ќе се направи проценка на штета, по...

ДЗСИ: Парична казна за Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка...

Силјановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера

Претседателката Гордана Силјановска Давкова очекува претстојните локални избори  да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат, но укажува дека според реториката во кампањата многу е тешко да направи разлика за какви избори се работи. Силјановска Давкова денеска на новинарско прашање оцени дека и на овие избори се зборува за профилот на...

Добар потег е што е побарано мислење од Венецијанска комисија за реформите во судството, вели Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет на закони за реформите во судството и дека веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи, како што нагласи „не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени“. Силјановска-Давкова рече дека...

Прв Фестивал на рана музика „Dulcia Sonant“

„Dulcia Sonant“ е новиот фестивал во Прилеп, што на 16 и 17 октомври го организира ЦК „Марко Цепенков“со поддршка на Министерството за култура. Фестивалот на рана музуика, кој се организира за првпат беше најавен денеска на прес-конференција. Ана Митоска и самата учесник во фестивалот и дел од организацијата рече дека „Dulcia Sonant“, отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и...