Алкалоид ги задржа ростерот на играчи и високите амбиции
ПРЕД ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП ВО ШАХ
Ние секогаш одиме на медал и ретко се случува како лани да има две непоразени екипи на крајот од турнирот, но факт е дека и годинава ќе одлучуваат многу фактори, како на пример моменталната инспирација, свежината..., вели капитенот на тимот, ВМ Влатко Богдановски
Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот...
Библиски слики
Дојде време повторно да бидеме сведоци на библиски слики. Ако минативе над две години го следевме погромот што се случуваше во Израел и Газа со еден стравотно разурнувачки интензитет, сега повторно сме сведоци на една „мојсеевска“ сцена, но во обратна насока. Познато е дека со само еден потег на божји мисионер и пророк од аврамските религии, Мојсеј го отвори...
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово се очекува да почне дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела. Од ОИК доверливиот материјал - гласачките ливчиња и Избирачкиот список потоа ќе бидат дистрибуирани до Избирачките одбори. Дистрибуцијата ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството...
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Методија Андонов – Ченто е предводник на македонската групација која се залагала за создавање широк македонски народноослободителен фронт, ослободување на целата национална територија и обединување на Македонија, создавање самостојна независна македонска национална држава со демократско уредување, при што не се исклучувала можноста за нејзино пристапување, како суверена држава, во една идна балканска или југословенска федерација.
Во ноември 1943 година станува...
Теророт на антисемитизмот во либералниот дел на Америка
Одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас врз Израел беше повод, заедно со новите напади врз Евреите во евроатлантскиот свет, да се интензивира дебатата за порастот на антисемитизмот. Во исто време американскиот претседател Доналд Трамп тогаш презентираше предлог за решавање на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Тој беше поддржан од многу арапски земји и ЕУ, како и од...
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред осумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 18-тиот маратон во чест на Тоше.
Маратонот...
Филипче: Секој глас прави разлика, апстиненцијата не е казна за СДСМ , туку награда за ВМРО
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вечерва од трибината организирана во рамки на предизборната кампања порача дека овие избори се од исклучителна важност за иднината на граѓаните и за напредокот на државата, дека Гостивар знае дека силата е во заедништвото, а не во поделбите.
- Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова...
Мицкоски: За СДСМ политиката е бизнис, а за нас е начин како да им помогнеме на граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата...
Гаши-Фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која истакнал дека нејзината посета на Скопје претставува поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Македонија, како земја-кандидат, Европската Унија не е само политички и економски блок, туку...
Значителни оштетувања се констатирани кај споменикот на културата во Струга
Значителни оштетувања има споменикот на културата во Струга, кој беше оштетен при ископ за изградба на соседен објект. Од Министерството за култура попладнево информираа дека срушен е јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција.
- Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во...







































