Боби Андонов има стратегија како во 2027 година да ја претставува Македонија на „Евровизија“

Планирам да дојдам во Македонија на почетокот на следната година за да се сретнам со поширокиот тим на МРТ и со владини претставници за да создадеме долгорочна стратегија, вели Бобби Андонов Во 2008 година еден симпатичен тинејџер, Боби Андонов, дојде од Австралија, каде живее со неговите родители, по потекло од Македонија, за да ја претставува нашата земја на „Детскиот евросонг“,...

Орбан побара од папата поддршка за антивоените напори на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи антивоените напори на Унгарија. Како што соопшти Ватикан, папата и Орбан на речиси едночасовната средба „ја истакнале силата на билатералните односи и изразија благодарност до Католичката црква, која е посветена на придонесот за социјалниот развој и благосостојбата на унгарската заедница, со посебен...

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

Неколку месеци откако беше претставена првата министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека е „бремена“. Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (БГД) во Берлин, наведе дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во Парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во простотиите...

Западните санкции се механизам за системски притисок врз Москва, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е уверена дека западните санкции не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски притисок врз Москва. Таа нагласи дека западните земји, нивните сојузи и нивните поврзани сателити водат агресивна кампања против Русија. - Целта е отворено декларирана: финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен социоекономски...

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од изборите

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати  во сите општини врз основа на спроведените...

Бранителот на родителот кој доби казна 11 месеци затвор за инцидентот на фудбалскиот натпревар ќе ја обжали пресудата

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше во инцидентот, а во кој беа повредени двајца 15 годишни фудбалери најави желба на пресудата до Апелациониот суд во Штип. Алиспахиќ вели дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи...

Албанија екстрадираше во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога. - Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето  Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна...

Утре бесплатен преглед на каротидни артерии на Клиниката за неврологија

По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“, соопшти Министерството за здравство. Во рамки на отворениот ден утре во периодот од 10 до 12 часот во...

Орбан следната недела со Трамп ќе разговара за енергенсите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за енергетски прашања, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. САД минатата недела воведоа санкции за најголемите руски производители на нафта Росњефт и Лукоил, што потенцијално би можело да влијае на Унгарија која во голема мера зависи од руската...

Имамоглу обвинет и за политичка шпионажа

Против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екре Имамоглу поведено е уште едно обвинение – за политичка шпионажа и одредена му е мерка притвор. - Ништо не е вистина и сè е можно. Токму во такво место ја претворија мојата прекрасна земја. Дури и обвинението за палење на Рим е повистинито од оваа глупост - објави на Фејсбук Имамоглу, кој е во...