Подготвен ли е Брисел и за дубиозен потег за да ја финансира Украина?!

Оспоруваната финансиска шема за замрзнатите руски средства сѐ уште во неизвесност Поранешната белгиска министерка за надворешни работи Хаџа Лахбиб предупреди дека сè уште е потребна многу работа за да се обезбеди минимизирање на правните ризици и нивна правична распределба меѓу Белгија и другите 26 земји од ЕУ, па дури и Г7, пред да може да продолжи спроведувањето на планот Европската...

Претставата „Црвенкапа“ прозвучи на влашки јазик во ООУ „Никола Карев“ во Крушево

Во петокот, во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Крушево, со почеток во 17 часот, се одржа претставата за деца „Црвенкапа“ (Feata cu Aroshe capelă) на влашки јазик. Организатор на настанот беше домот на културата „Наум Наумовски-Борче“, а покровител Министерството за култура и туризам. Учениците од ова основно училиште што го изучуваат влашкиот јазик беа главни актери, благодарение на...

Каја Трпкоски го освои првото место на натпреварот „Холандска наука“

Меѓународни награди Каја Трпкоски, ученичка во 9-б одделение во ООУ „Лазо Трповски“, го освои првото место на натпреварот „Холандска наука“, организиран од Амбасадата на Холандија и од меѓународната манифестација „Наука за деца“. Деветтоодделенката ја освои наградата во конкуренција на 77 учесници од цела Македонија. Учесниците на натпреварот требаше индивидуално да креираат плакат со лик на познат холандски научник, на кој на...

Книгата е клуч за отворање на умот и духот на човекот!

Катче за родителите Посетувајте книжарници заедно со вашите деца, одбирајте книги, зачленете се во библиотека, заедно создавајте домашна библиотека и она што е најважно - читајте и вие. Примерот најмногу поттикнува, порачува педагогот Ема Абјаниќ Чаусидис Познатиот шпански писател Мигел де Сервантес рекол дека не постои ниедна книга во која нема барем нешто што е корисно за читателот. Според тоа,...

Трст виа Скопје

Насловот на овој текст многумина ќе ги потсети на култната македонска серија снимена кон крајот на 80-тите години на минатиот век, во која глумеше кремот на македонското глумиште, но и дебитанти што првпат запливуваа во филмските води, а потоа продолжија во некои поинакви правци. Но мојата намера не е да говорам за серијата, туку да потсетам на едни поинакви времиња...

Кузмановски: Сите треба да нѐ сфатат сериозно, имаме многу квалитетни играчи

РАКОМЕТ Нашата цел сега е добра подготовка за континенталниот собир. Оваа Македонија на секое следно првенство оди напред. Овие млади играчи поминаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на своите екипи, вели капитенот Филип Кузмановски. Македонија неделава ќе одигра два тест-меча со Јапонија, во пресрет на ЕП 2026 Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, вчера...

Апсурдноста на војната во Украина

Дел од обемна анализа во „Геополитика“ во врска со повеќегодишниот украински воен судир Украинската војна е апсурдна во многу аспекти, дури може слободно да се каже дека по некои елементи е единствен ваков пример во историјата на војувањето. Зошто? Имено, иако навистина може да се препознаат повеќе апсурди, во продолжение се издвоени четирите највидливи примери за апсурдноста на војната во Украина. Прво:...

До XXXXXXXXX. МАКЕДОНИЈА _CLASSIFIED_

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА XXXXXXXXXX ЗА XXXXXXXXXXXXТXX ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ 2025 КОНЦЕПТ XXXXXXXXXX. Прифаќањето кандидатура за градоначалник на Скопје е чест и голема одговорност не само теоретски. Ако кон тоа се додадат и локалната состојба, негативната традиција на досегашната историја на градоначалниците во последните 30 години, постојаното намалување на процентот на скопското гласачко тело и трендот на постојаниот негативен развој на градот,...

Војната на вештачката интелигенција против новинарството ќе ја одлучи судбината на слободниот печат

Пристапот на ЕУ кон тоа како вештачката интелигенција ја користи новинарската работа би можел да одреди дали слободниот печат ќе ја преживее дигиталната ера или ќе исчезне во потокот на податоци Во Европа е во тек тивка војна што ќе одлучи дали новинарството ќе остане столб на демократијата или ќе се растопи во екот на економијата на податоци. Со...