Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, порачаа од ВРЕДИ

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено - се наведува во денешното соопштение на „ВРЕДИ“ (ВЛЕН). - Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на...

Мицкоски по победата во Кичево и Брвеница: Славиме за Македонија како пример на соживот, ред и напредок!

Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево кадешто вчера доцна вечерта...

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи биланс на жртви. - Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени - изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е привремен биланс. Земјотресот се случи синоќа...

Охридски крајолик на Влатко Илов – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата Охридски крајолик на авторот Влатко Илов е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за  фотографија на неделата. Украдено парче од пределот во близина на Трпејца, со мирис на спокојната есен проткаено со копнеж по летото - стои во описот на фотографијата. Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.  „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата   Фотографијата секој...

ВМРО-ДПМНЕ има 55 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а една општина ќе ја води независен кандидат

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 4, а Движење ЗНАМ и Унијата на Ромите по еден градоначалник. Една општина ќе ја води независен кандидат. На вториот...

Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК, рече Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на вечерашната прес-конференција оцени дека резултатите од денешниот изборен процес „покажуваат дека опозициските тенденции во земјата се престројуваат позади Левица“. Според партиските пресметки, Апасиев истакна дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски освоил околу 3.500 гласови повеќе во однос на првиот круг, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил над 30.000...

ВМРО – ДПМНЕ слави победа во Росоман и Демир Капија

ВМРО - ДПМНЕ вечерва слави победа во Росоман и Демир Капија. - Победа, напиша на Фејсбук новоизбраниот градоначалник на Росоман од редовите на оваа партија, Ѓорѓи Крстевски. Според податоците од ДИК, во Општина Росоман од 100 отсто обработени податоци, за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стојан Николов гласале 1.231 избирач. Честитки...

Тензично пред српскиот парламент во Белград, протести во Нови Сад и други српски градови

Илјадници граѓани на Нови Сад вечерва се упатија кон просториите на владејачката Српска напредна странка, кон главната полициска станица и блокираа делови од центарот на град во протестен марш и во поддршка на штрајкот со глад на мајката на момчето кое лани загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Тие прават голема бучава со автомобилски...

Во Општина Лозово победи Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

На денешниот втор круг од гласањето на Локалните избори 2025 победа извојува Бошко Цветковски кој си обезбеди втор мандат за градоначалник на Општина Лозово, а e од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“. Неговиот против кандидат Ацо Велковски од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, кој беше поранешен градоначалник на Општина Лозово во периодот 2017-2021, а кој водеше во првиот...

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415.435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ...