Oбјавен романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто
„Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто, која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев.
„Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно градско семејство и неговите секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката...
ДКСК проследи повеќе изборни пријави до ЈО
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека постапувале по повеќе пријави поврзани со изборниот процес, од кои дел беа проследени до надлежни институции, а дел затворени поради утврдено непостоење на прекршувања.
Една од пријавите се однесува на директорка на средно училиште, која во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија и изборен плакат,...
Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски ќе се одржат в среда, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс ламина“, ќе се обрати жирито во состав: Оливера Ќорвезироска, Весна...
ДКСК ги усвои Проценката на ризици и Методологијата за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030
Државната комисија за спречување на корупција денеска на 24. седница ги усвои Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.
Како што појасни Цвета Ристовска, заменик-претседател на ДКСК, Методологијата е документ,...
Мултимедијална вечер со Пламенка Трајковска
Гудачкиот квартет „Пламенка Трајковска“ в среда во Културно-информативниот центар во Скопје ќе направи уникатен спој на класична музика и нем филм во чест на кралот на валцерот.
Уникатниот мултимедијален концерт, насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм ‘Веселата војна’“, претставува редок спој со кој гудачкиот квартет ќе ја изведува музиката на Јохан Штраус во живо, додека...
Денеска попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, а дневната температура утре...
Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега.
Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале...
Началникот на германските вооружени сили бара сите млади мажи да бидат проценети за воена служба
Генерал Карстен Бројер, шефот на вооружените сили на Германија изјави дека проценката на сите млади мажи за потенцијална воена служба е неопходна за да се избегне губење време во случај на одбранбена вонредна состојба, објави ДПА.
- Од воена перспектива, клучно е да се процени целата возрасна група. Само тогаш знаеме кој е достапен и кого би можеле да го...
Како да се препознае дијабетес кај домашните миленици
Животни
Недостиг од хормонот АДХ или негова неефикасност предизвикува дијабетес инсипидус (ДЛ) кај животните. Централниот ДЛ е резултат на проблеми во синтезата или ослободувањето на АДХ поради оштетување на мозокот. Нефрогениот ДЛ е предизвикан од неадекватен одговор на бубрезите на АДХ. Симптомите на ДЛ вклучуваат претерано пиење вода и излачување разредена урина. Дијагнозата се поставува со тестови за ограничување вода...
Експериментална генска терапија може да ја забави Хантингтоновата болест
Биотехнолошката компанија „Уникјур“ од Амстердам објави дека нејзината експериментална генска терапија AMT-130 успеала значително да го забави напредувањето на Хантингтоновата болест, за која денес не постои лек што може да ја запре или да ја забави туку се достапни само третмани за ублажување на симптомите.
Според резултатите од првата фаза на клиничкото испитување, кај пациентите што примиле висока доза од...








































