Соработката со САД клучна за модернизација на Армијата, истакна Мисајловски

Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија посветена на одбранбените и безбедносните прашања. Тој истакна дека долгогодишното партнерство меѓу Македонија и САД значително придонесува за зајакнување на одбранбените капацитети и зацврстување на мирот и безбедноста. Пред претставниците на Стејт департментот, Мисајловски оцени дека соработката е на високо ниво, но и...

Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува нашата улога како сојузник, истакна Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува улогата на државата како кредибилен сојузник и партнер. Муцунски во Вашингтон ја предводи владината делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, која ја отвори заедно со Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Тој на својот...

Со новиот законот градиме професионална и мултиетничка администрација, истакна Сали

Владата денеска го усвои законот за правична и соодветна застапеност, со кој, според министерот за европски прашања Беким Сали, се воспоставува баланс и се поставуваат темелите за професионална, транспарентна и модерна мултиетничка администрација. Сали истакна дека законот има за цел да ја подобри застапеноста на граѓаните од подзастапените заедници во државните институции, при што клучни критериуми остануваат квалификациите, стручноста и...

Ново судење за Димова: Апелациониот суд ја поништи пресудата

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката е донесена по јавна седница одржана на 11 март 2026 година, при што судот ги уважи жалбите и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Божиновска во Вашингтон оствари средба со „Шеврон“ за енергетска соработка со Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба во седиштето на Chevron Corporation во Вашингтон, насочена кон зајакнување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG), соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. На состанокот, покрај претставниците присутни во Вашингтон, онлајн се вклучиле и високи претставници...

Обвинение за над 6,5 милиони евра штета на буџет

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица, соопшти Обвинителство. Како што информираат оттаму, со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар...

Ѓорѓиевски: Се бара алтернатива за Рашче – испитувања на три нови извори, ќе се решава и депонијата во Јегуновце

Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот - истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања. - Во однос на изворот...

Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните да си ги платат обврските за данок на имот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на седница на Советот истакна дека во изминатите години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици за градот. Одговарајќи на советничко прашање, тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што, како што нагласи, дури...

„Ре-медика“ – 21 година врвна медицинска грижа

Над две децении раст и развој на првата приватна општа болница Традиционално, со хумана акција, „Ре-медика“ го одбележа својот 21. роденден, организирајќи крводарителска акција на Светскиот ден на здравјето, 7 април, во соработка со Црвен крст, општинска организација Гази Баба. Роденденот на болницата, која 21 година е дел од приватното здравство во Македонија, и годинава помина во знакот на солидарноста. Вработените...

Трамп со драматична порака до Иран: „Цела една цивилизација ќе умре вечерва“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати силна и драматична порака преку својата социјална мрежа Трут Социал (Truth Social), најавувајќи дека светот би можел да се соочи со еден од најзначајните моменти во современата историја. Во објавата, Трамп предупреди дека настаните што следуваат може да имаат далекусежни последици, вклучително и крај на постојниот поредок во Иран, но и можност...