Ѓорѓиевски: Се бара алтернатива за Рашче – испитувања на три нови извори, ќе се решава и депонијата во Јегуновце
Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот - истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања.
- Во однос на изворот...
Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните да си ги платат обврските за данок на имот
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на седница на Советот истакна дека во изминатите години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици за градот.
Одговарајќи на советничко прашање, тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што, како што нагласи, дури...
„Ре-медика“ – 21 година врвна медицинска грижа
Над две децении раст и развој на првата приватна општа болница
Традиционално, со хумана акција, „Ре-медика“ го одбележа својот 21. роденден, организирајќи крводарителска акција на Светскиот ден на здравјето, 7 април, во соработка со Црвен крст, општинска организација Гази Баба.
Роденденот на болницата, која 21 година е дел од приватното здравство во Македонија, и годинава помина во знакот на солидарноста. Вработените...
Трамп со драматична порака до Иран: „Цела една цивилизација ќе умре вечерва“
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати силна и драматична порака преку својата социјална мрежа Трут Социал (Truth Social), најавувајќи дека светот би можел да се соочи со еден од најзначајните моменти во современата историја.
Во објавата, Трамп предупреди дека настаните што следуваат може да имаат далекусежни последици, вклучително и крај на постојниот поредок во Иран, но и можност...
Се намалил бројот на ученици
Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174.040, што претставува намалување за 3.6 проценти во однос на претходната учебна година.
Во оваа учебна година биле запишани 17.921 првачe.
Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесува 67.540, што е зголемување за 0.6 проценти во однос на претходната учебна...
Судска пресуда отвори спор во ССМ: Митрески најавува враќање, Трендафилов ќе поднесе жалба
Пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје со која се утврдува дека Живко Митрески бил незаконски сменет од функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во 2017 година, отвори нов судир меѓу поранешното и актуелното раководство на синдикатот.
Митрески на прес-конференција соопшти дека со судската одлука се потврдува ништовноста на неговата смена, како и на сите одлуки и акти...
Животот поскап за 4.9 проценти: Инфлацијата пораснала во март
Трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4.9 проценти, а цените на мало од 3.4 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0.7 проценти. Цените на мало, пак, во март 2026 година во споредба со февруари се зголемени за 0.9 проценти.
Во март...
Со намалено ДДВ и акцизи спречивме двојна инфлација – следуваат нови мерки по Велигден, вели Мицкоски
Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти - вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно ја анализираат состојбата и...
Мицкоски најави зголемување на платите и во МВР и целосна примена на колективните договори
Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор започнаа да се применуваат, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи.
-Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа...
Судење „Онкологија 2“: Одбраната приговараше на доказите што ги презентираше обвинителството
На денешното продолжение од судењето за предметот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, одбраната приговараше на доказите што ги презентира обвинителството, оценувајќи дека станува збор за незаверени копии без доказна вредност. Воедно, побара укинување на притворот за двајцата обвинети екс директори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и негова замена со домашен притвор, како и повлекување...








































