Мојата врата ќе биде отворена за сите што нудат нови идеи, решенија и проекти за подобро утре
Владко Грозданов, градоначалник на Кочани
Подготви: Каролина Мицевска
Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, по професија доктор специјалист, е новиот градоначалник на Општина Кочани, при што тој вели дека функцијата ја прифатил со голема чест и одговорност. Пред него се многубројни предизвици, кои планира да ги совладува и да придонесува за развој на градот.
- Во овие моменти да се биде градоначалник на Кочани...
Градиме модерен, развиен и просперитетен град
Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Подготви: Каролина Мицевска
Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ по вторпат стана градоначалник на Општина Штип. Со тоа општината влегува со јасно дефинирани приоритети насочени кон одржлив урбан развој, подобрување на инфраструктурата и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.
- Штип во следните години ќе биде град на модерни решенија, ефикасна администрација и силен економски подем. Еден од...
Промоција на книгата „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од м-р Владимир Панчевски
Утре во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје
Промоцијата на книгата „Кривичен законик - временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од м-р Владимир Панчевски ќе се одржи утре, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје (од 19 часот).
Станува збор за прво стручно авторско дело што има систематизиран пристап кон...
„Лоза“ и лозарите – симбол на македонската борба за слобода и човечки правдини
ФЕЉТОН: ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН – СПОМЕНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ (2)
М-р Никола Ристевски
Младата македонска книжевна дружина (ММКД) и нејзиното списание „Лоза“ (1892) претставуваат една од најзначајните епизоди од развојот на македонската национална мисла и борба за слобода. Лозарите успеале да го артикулираат барањето за културна и национална посебност, претставувајќи мост помеѓу генерациите од Разловечкото...
Уставот е есенцијалната врска на еден народ со својата матична држава!
Повод: Триесет и четири години - Устав на Македонија како самостојна држава
На денешен ден, на 17 ноември 1991 година, Собранието на Република Македонија го изгласа Уставот, првиот највисок правно-политички акт на Македонија, која излезе од југословенската федерација и прогласи самостојност и независност. Уставот беше изгласан со 92 гласа „за“, од вкупно 120 пратеници. Пратениците од тогашните две албански...
Аманетот на еден духовен воин за македонската вистина
Осврт на клучните согледувања на д-р Ханс Лотар Штепан по повод 92 години од неговото раѓање
Посветувајќи им се на македонското прашање и на македонскиот оспорен идентитет, д-р Ханс Лотар Штепан истражува во Политичкиот архив на германското Министерство за надворешни работи. Врз основа на своите наоди, во 2004 година го објавува капиталното дело „Македонски јазол“ на германски јазик и...
МАГА, МЕГА и Македонија како пример за микросуверенизам
ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНИТЕ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПЛОЧИ - СУВЕРЕНИЗМОТ ГИ УДИРА ТЕМЕЛИТЕ НА НОВИОТ СВЕТ
За да направиме еден потемелен осврт на суверенизмот (идеологија и доктрина што го поддржува стекнувањето или зачувувањето на политичката независност на една нација), како повеќеслоен општествен феномен (правно-политички суверенитет, територијален суверенитет, економски суверенитет, енергетски суверенитет, културен суверенитет, суверенитет на водите во државава), сега, повеќе од кога било,...
Живата меморија на еден народ
Кога една институција како Национален конзерваторски центар е оставена да пропаѓа, последиците се далекосежни. Не станува збор само за административна нефункционалност туку за губење културна меморија. Секој објект што не е навремено заштитен може да исчезне засекогаш. Тоа значи дека идните генерации ќе растат без сведоштво за сопственото минато
Во една од старите скопски цркви, за време на конзерваторски...
Google maps на кирилица се викаше ЈСП
Како ја учевме топографијата на градот сфатен како глобално село
Е, граду мој! И ти веќе не си она што беше, го нема она „мое старо Скопје“ (постземјотресно), кое е помладо од она предземјотресното, вистинско старо Скопје. Го нема Скопје од моето детство и младоста, и тоа што го нема би било кукање доколку Скопје отишло напред, кон иднината. Но...
Историјата не се продава
Не можам да останам рамнодушен кога на национален јавен сервис на соседна држава се емитува програма што со намера и перфидност ја србизира македонската историја, прикажувајќи го македонскиот народ како некаква историска подгрупа или етнографска сенка
Автор: Благоја Шундовски
По природа не сум бунтовник без причина. Не сум човек што ќе реагира на секојдневни ситници или празни провокации. Но кога...








































