Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја
Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија.
Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата...
„Шпаркасе банка“ и „Сетек“ во заедничка акција за сите студенти со студентски ИТ-ваучери
Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со СЕТЕК со специјална промотивна активност за студентите што имаат студентски ваучер за ИТ-опрема – Секој студент што ќе го искористи ваучерот од 15.300 денари и ќе изврши доплата со која било картичка од Шпаркасе Банка при купување лаптоп во сите продажни салони на СЕТЕК, ќе добие пакет подарок – ранец и маус.
За...
Стојаноски: Ќе ги прифатиме барањата од Левица и СДСМ за надзорна расправа и Анкетна за Кочани
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии.
- Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција....
В петок се очекува да биде свикана собранискатa комисија за избор на претседател на ДКСК
Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во состав на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДКСК пријавени се 10 кандидати.
Претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски информира дека в петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија...
МЕРМС: Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции, вредна 11,11 милиони евра
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции, информираат...
Израел: Планот на Трамп за Газа ќе донесе „мир и просперитет“
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се поддржува планот на Трамп.
- Веруваме дека планот на претседателот Трамп ќе донесе мир и просперитет бидејќи нагласува целосна демилитаризација, разоружување и дерадикализација на Газа. Израел им подава рака на...
Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи
Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан утревечер. По премиерата, ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија и веќе се закажани проекции во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка.
Сценариото е на Јани Бојаџи, кој е и продуцент и композитор. Извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија Дарио Секуловски, монтажер Давид Дулев, продукциски дизајнер...
Пешев: На Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи
Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации,...
Започна откупот на тутунот од годинашната реколта
Во Тутунскиот комбинат Прилеп започна откупот на тутунот од годинашната реколта. Отворени се 34 откупни пунктови со 37 ваги. Во откупниот пункт во градот преземени се незначителни количества тутун. Динамиката на откупот, вели директорот Александар Алексовски, ќе се зголемува во наредните денови.
- Се надевам дека тутунарите ќе бидат задоволни од проценката и од исплатата на
тутунот што ќе се врши...
Изложба на Јулијана Гешоска во музеј-галеријата во Кавадарци
Изложбата насловена како „Динамика на бојата и линијата“ на уметницата Јулијана Гешоска ќе биде отворена до крајот на ноември во музеј-галеријата во Кавадарци.
Ова е прва самостојна изложба на Гешоска, графички дизајнер во Кавадарци, која содржи триесетина дела кои потврдува дека припаѓа на генерацијата сликари кои ја обновуваат апстракцијата со личен темперамент и современа чуствителност создавајќи дела во кои не...







































