Барам смена на Љупчо Коцевски, бидејќи не си ја врши својата работа добро, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „ТВ Телма“ се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. -Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата...

Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во „Топ тема“ на „Телма телевизија“ говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75 отсто повеќе, но, вели, кои резултати ги покажале судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума. -Ако зборуваме за буџетот една...

Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, порача Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили. - Лично мислам дека мора така да...

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји

Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска постигнаа договор за создавање на онлајн платформа наречена „ЕУ Базен на таленти“, која ќе има за цел да го олесни регрутирањето на работници од земји што не се членки на Унијата за вработување во секторите во блокот во кои има недостиг на работна сила. Онлајн платформата, во...

Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024, утврдил Државниот завод за ревизија

Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година. Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста...

Претставени новите правила за учество на пазарот на електрична енергија

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот беше презентиран и Извештајот за работа на МЕМО за тековната година. На расправата присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната...

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата

Собирањето податоци од различни извори за сексуалната експлоатација и злоупотреба на децата се клучни за обликување подобри политики за превенција и спречување на ваквите појави и повикување на одговорност на сторителите на овие дела - порача генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. - Многу држави се уште собираат само основни податоци за кривичната правда или не успеваат да...

Европската иднина на Западен Балкан нема да се одлучува во Брисел, туку преку решителноста на младите луѓе

Со решителноста на младите да бидат вклучени во процесот на европска интеграција ќе се одлучува европската иднина на Западен Балкан, а не во Брисел, беше оценето денеска на конференцијата „Млади од Западен Балкан и ЕУ“. Регионалната академија за развој на демократијата, во соработка со партнерски организации од Западен Балкан, организира дводневна регионална конференција (19-19 ноември) - „Млади од Западен Балкан...

За минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите, истакна Дурмиши

Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска...

Клаудфлер „падна“, многу веб-страници не работат поради технички проблеми

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Клаудфлер (Cloudflare). Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Клаудфлер значат дека страницата не може да се отвори. Клаудфлер е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади...