Израел го нападна jужен Либан откако ги предупреди жителите да се евакуираат
Израелската армија изврши воздушни напади врз „воени локации“ на либанското шиитско движење Хезболах во jужен Либан денеска, откако напад со дрон претходно во текот на денот уби едно лице и повреди неколку други, вклучувајќи ученици во автобус.
Новиот бран напади се случи во услови на ескалација на тензиите меѓу Израел и милитантната група.
Во воздушен напад вчера загинаа 13 лица во...
Делегација на Пентагон испратена во Киев да ги обнови прегoворите за завршување на војната, објави „Волстрит џурнал“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати високо рангирана делегација од Пентагон во Киев на разговори со цел оживување на преговорите за завршување на војната во Украина, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на високи американски претставници.
Делегацијата, составена од секретарот за одбрана Ден Дрискол и двајца врвни генерали, се очекува да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други воени и...
Од недела опаѓање на температурите, а се очекува и снег на планините
Најмногу дожд денеска до 16.30 часот наврна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, девет во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива...
Супервештачењето во судскиот процес за родилката од Дебар покажало пропусти во постоперативниот период
Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето и беа отстранети три органи - матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје.
Одговорноста, според презентираниот извештај на денешното рочиште во Основниот суд во Струга, ја сноси докторот - хирург кој ја...
Катастрофата во Кочани не настана од дејствија или пропусти на една човечка рака, рече обвинителот Јанев
Обвинителот Борче Јанев на судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакна дека денеска се бара одговорност по име и презиме, а општеството мора да се соочи со болната вистина и да извлече легитимни одговори за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не спречил, бидејќи, како што рече, се бара правда не како утеха или одмазда,...
ФОТО: Изложба на накит „Листови што не венеат“ под менторство на занаетчијата Владимир Гавриловски
Изложба на накит „Листови што не венеат“, направен од четворица средношколци од Средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, беше поставена во галеријата на училиштето. Тино Наков, Јована Лазева, Мелани Манческа, Живко Станчев накитот го изработија под менторство на мајсторот и занаетчија Владимир Гавриловски, кој е всушност и иницијатор на проектот. Темата на проектот е лист. Првично е одржана работилница,...
Разрешени двајца министри во Украина поради корупцискиот скандал
Украинскиот парламент денеска гласаше за разрешување на министрите за енергетика и правда по сеопфатната истрага за корупција во енергетскиот сектор што ја предизвика најголемата политичка криза во земјата разурната од војна.
Истрагата за корупција за наводна шема од 100 милиони долари за контрола на договорите во државната нуклеарна агенција предизвика јавен гнев против украинското раководство, кое се обидува да ги...
Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
Судскиот совет на денешната 531. седница ги разгледа извештаите за работата на судовите за третиот квартал од 2025 година, кои покажуваат дека судовите ширум земјава и понатаму се соочуваат со значителен број на заостанати предмети, како и со недостиг на судии и судски службеници.
Како што беше посочено од страна на членот на Советот, Антоанета Димовска, основните судови во Прилеп,...
Се санираат критични точки на Пчиња во Старо Нагоричане
Екипите на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово сè на терен и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки, смет кај мостовите во оваа општина. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски во изјава за МИА потврди дека екипи на јавното претпријатие од општината заедно со механизација на водостопанство од Куманово ги расчистуваат...
Откриени над 200 украдени возила во Грција
Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека заедничката оперативна акција „Joint Action Day (JAD) Mobile 8“ била...









































