За кого ќе кукурига галскиот петел?
Несомнено изјавата на Макрон повеќе е на линија на она што претходно го порачуваше Радев, односно дека нема причина да оди во посета на Париз и да се среќава со францускиот претседател кога лично не гледа „напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје“, подразбирајќи под „напредок“ прифаќање на бугарските условувања. Во корелација со бугарските условувања е и пораката на францускиот претседател до двајцата лидери околу почитувањето на основните права на граѓаните што изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства, што не може да се протолкува никако поинаку, освен како угодување на постојаните заложби на кои инсистира Софија за вметнување на Бугарите во македонскиот устав.
Прочитајте го текстот во целост во утрешното издание на „Нова Македонија“