Ракометните херои го слават пласманот на Светското првенство / Фото: Игор Бансколиев

Најдобрите македонски ракометари го прославија осмото учество во низа на мундијалите, што го обезбедија со победата над Чешка од 27-25 во вечерашниот бараж-реванш одигран во Скопје (вкупни 51-49 во двомечот). Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги награди репрезентативците и стручниот штаб со премија од 50 илјади евра за пласманот на Мундијалот.

Долгогодишните репрезентативци Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов вечерва се простија од националниот дрес. Претстојното Светско првенство ќе се игра во Полска и во Шведска од 11 до 29 јануари в година.