Мурал под стоковната куќа Мост, 2012 / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Мурал или ѕидното сликарство означува монументална композиција направена на ѕид, таван или некоја друга голема изѕидана површина.

Мурал Луѓето се битни, автор Јосифовски, 2021 / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како составен дел на ѕидната површина оваа уметничка композиција во себе ги обединува елементите на сликата и архитектурата.

Муралот е првиот облик на сликaрството. Историјана на муралите е врзана со историјата на човештвото. Првите мурали се пештерските слики на праисторискиот човек.

Мурал во ГТЦ, 2018 / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Уметничкиот врв во Европа муралот го достигнува во ренесансата. Најпознат пример се фреските од Сикстинската капела во Ватикан, насликани во 15 и 16 век од повеќе уметници.

Во 20 век темата на муралите од религиска се враќа на секојдневието и најчесто се сликаат по фасадите на објектите.

Муралот не е графит. И муралот и графитот се облик на современата улична уметност но се разликуваат по значењето, техниката на изработка, уметничкиот квалитет.

Мурал посветен на Скопје насликан за рекламни цели/ Фото: Маја Јаневска-Илиева

Графитот го искажува мислењето на авторот за некоја тема преку чкртаници, знаци и изреки напишани на ѕидот и најчесто е илегален.

Муралот е вид на концептуална уметност, слика врз целиот или поголемиот дел на ѕидот и има своја естетска вредност.

Мурали на Кинотека, автори Молерај и Воскресија А. 2021 / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Но и графитите и муралите имаат за цел да го привлечат вниманието на случајните минувачи и барем за миг да ги замислат.

Еден од постарите мурали во Скопје е создаден за рекламни цели за една пивница пред дваесетина години. Кога завршило времето за платената реклама, станарите се договориле да ги избришат само маркетинг слоганите а да остане сликата. Муралот го прикажува централниот плоштад на Скопје пред земјотресот.

Мурал на ООУ „Димитар Миладинов“, 2019, автори Грчев и Трендевски / Фото: М Јаневска-Илиева
Мурал посветен на Лилјана Дирјан и Богомил Ѓузел, ООУ „Ј.Х.Песталоци“, 2021 / Фото: М Јаневска-Илиева

Поголемо ангажирање е забележано последните 3-4 години со активна поддршка на градската власт. Како медиум привлечен за младите, повеќе основни училишта и објекти од културата добија украсени фасади со мурали.

Во галеријата се дел од муралите од централното подрачје на Скопје. Онаму каде што е познато наведени се и авторите и годините на создавање.