Прослава на 15 роденден на Бекстејџ, естраден магазин Фото: Маја Јаневска-Илиева

„Бекстејџ“, единствениот естраден магазин кој 15 години секој ден е дел од македонскиот релаксиран медиумски простор слави 15 години постоење.

На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.

„Нова Македонија“ го честита роденденот на „Бекстејџ“ и му посакува понатамошна успешна работа.