Артан Груби (Фото: Влада)

Вицепремиер Артан Груби вечерва, 31 октомври, изјави дека ќе имало повеќе од 80 пратеници за уставните измени и дека сега е време да се решат сите отворени прашања.

– 64 моменталното мнозинство, 10 други пратеници од АА и БЕСА, тоа се 74 пратеници. 2 пратеници од Левица нема да гласаат сигурно. Значи остануваат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сите од ВМРО, има и од другите помали партии. Верувам дека сите тие пратеници од коалицијата на ВМРО имаат европски убедувања – изјави Груби во гостувањето вечерва на ТВ21.

– Имав состанок со релевантни претставници од меѓународната заедница. Има оптимизам. Јас сметам дека ќе имаме повеќе од 80 пратеници за гласање на уставните промени. И убеден сум дека тоа ќе биде. ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, имаме инфомрации дека има сериозни разговори и од ЕПП за да помогнат во процесот – вели вицепремиерот.

Тој додаде дека сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања.