Младиот занаетчија Амарилдо Силва од Бразил употребува стари гуми од возила кои ги претвора во удобни украсени креветчиња за домашните миленици. Силва започнал со изработката на креветчињата пред две години, бидејќи му бил потребен дополнителен приход, а истовремено сакал да придонесе за подобрување на состојбата на животната средина.
– Верувам дека овој проект ќе придонесе за почиста животна средина и дека ќе продолжам со иновациите кои ќе помогнат да се подигне свеста кај луѓето – вели младиот Силва.