Фудбалерите и стручниот штаб на македонската репрезентација беа пречекани од бројни навивачи и претставници на медиумите на скопскиот аеродром, по пристигнувањето од Амстердам каде што вчера го одиграа последниот меч од групната фаза на Европското првенство.
Досегашниот капитен на националната селекција Горан Пандев и неговите соиграчи беа се сликаа со дел од вработените на аеродромот и со обожавателите од кои беа бурно поздравени по дебитантското учество на Македонија на големите фудбалски натпреварувања.
Фудбалерите се сретнаа и со претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Перо Антиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, кој при средбата со Пандев му се поклони на легендарниот фудбалер. АМС организираше и автобус за пречек за оваа пригода.
Македонија го заврши дебитантскиот настап на големите натпреварувања со три порази во групната фаза, од Австрија (1-2), Украина (1-3) и од Холандија (0-3), но во сите мечеви прикажа допадлива и борбена игра, додека имаше силна поддршка од македонските навивачи во Букурешт. „Црвено-жолтите“ стекнаа бројни симпатии од љубителите на фудбалот, а во сеќавање ќе остане историскиот гол на Пандев против Австрија, прв за националната селекција на големите натпреварувања.