Реакција
ПОВОД: Написот „’Триптих за македонскиот идентитет‘ – доказ за самочувство на Македонците“, објавен во „Нова Македонија“ на 29.2.2020 година.
Пред мене е книгата на проф. д-р Наде Проева „Триптих за македонскиот идентитет“. Внимателно ја прочитав и морам да кажам дека сум вџашен од содржината, но и од односот на авторката кон неистомислениците и жестоката пресметка со нив. Нема сомнение дека Проева е врвна познавачка на антиката. Таа во оваа книга ги обработува најгорливите прашања – името, идентитетот, проблемите со соседите и ЕУ. Добро ги обработила сите балкански митови и големодржавните амбиции на соседите. Не ја одминала ниту ЕУ, нејзината митологија и погубните политики кон Македонија.
Но она што ми пречи, е тоа што таа ги прогласи како митоманија, настојувањата на Македонците да си ги афирмираат своите древни корени. Тоа го чини на перфиден начин со жестока одбрана на најголемиот мит на овие простори, а тоа е митот за наводно доселување Словени во седмиот век. Со тоа, всушност, ги сече македонските корени и нѐ турка во калта од заткарпатските мочуришта. Како познат хеленофил, жестоко ја брани застарената теза на германската историска школа и Дројзен за наводно доселување Словени. Дројзен е советникот на баварскиот принц Ото, првиот крал на Грција. Затоа делата на Дројзен се обични политички памфлети напишани по порачка. Но за Проева тоа е официјална, утврдена историја во која не треба да се чепка. Секој што се обидел да напише нешто друго, за неа е новокомпониран турбофолк-историчар. Во книгата таа како такви именува педесетина автори.
Со ова Проева ја издигна заткарпатската теорија на степен на апсолутна вистина – догма. За себе си го задржа монополот за соопштување на историската вистина. Тоа наводно била официјална историја. Затоа јавно ја прашувам: „Г-ѓо Проева, кој ве овласти вие да судите што е официјална историја и историчари, а што се турбофолк-наука и научници?“ Простете, но додека вие ги промовиравте хеленизмот, хеленистичката култура и заткарпатската теорија, некој мораше да ги афирмира и брани своите македонски корени, името, идентитетот и јазикот. За 40 години работа, вие сте откриле само 200 глоси од јазикот на Античките Македонци, за кои с* уште не знаете дали се засебен јазик или дијалект на Грчкиот. Големо научно откритие, нема што!?!? Од друга страна, гледајте што открија вашите турбофолк-научници:
проф. д-р Ташко Белчев откри 900 глоси на епиграфски споменици, кои денес се користат во нашиот јазик;професорите А. Тентов и академик Т. Бошевски на едно парче камен – каменот од Розета, најдоа над 400 збора, кои и денес ги имаме во јазикот;
Гркот К. Циулка во Атина 1907 година, објави речник со 4.000 славофони зборови, кои нашите Македонци од Беломорска Македонија, наводно ги зеле од античкиот грчки јазик, од кои 1.260 од Хомеровите епови. Притоа „заборавил“ да објасни од каде тие зборови отишле кај Русите, Полјаците, Чесите… ако ние сме дојденци;
познатиот наш историчар А. Донски во книгата „Јазикот на Античките Македонци“, објави повеќе македонски зборови, од речниците на Хесихиј и Суда (5 век);
еден друг турбофолк-историчар, Љ. Стојаноски од Битола, во коине-речникот откри и објави над 2.000 збора, кои и денес ги користиме.
За сево ова се чини дека ништо не сте слушнале. Веројатно, ништо не знаете и за делата на Ј.Ф. Фелмераер, М. Фасмер, Л.Ф. Пасоф и илјадниците топоними, хидроними, нисоними, ороними и теоними, сите од словенската јазична група и сите од антиката. Кога ќе ги соберете сите заедно даваат една бројка од 10.000 збора, а вие како „официјална“ сте откриле само 200. Па што работевте 40 години?
За вас турбофок-научници се и многу ваши колеги, професори, доктори на науки, како што се: Б. Ристовски, А. Шукарова, В.С. Антиќ, В. Топурковски… како и многу светски познати научници, М. Бернал, А. Вајгал, У. Вилкен, С. Османагич, Р. Пешиќ, С. Билбија, М. Бор, Ј. Шавли, О.Л. Пјанивиќ, Х. Ламб, Е. Масон, Ж. Расин и многу други. Малку ви беше тоа, па и македонската икона Ѓоргија Пулевски го прогласивте за турбофолк-деец, а Александар Македонски за Грк. Што мислите, македонскиот народ е недоветен, па барате да се гордее со вашиот Триптих…?
Сите овие научници ги дискредитирате само затоа што аргументирано ја рушат теоријата за доселување Словени. За разлика од нив, вие досега немате изнесено ниту еден доказ во поткрепа на својата теза. Но затоа има голем број антички автори, кои ја потврдуваат автохтоноста. Германецот Јордан во 6 век во својата „Гетика“ вели дека Венети, Словени и Анти се три имиња за еден народ. Јавно ве прашувам… Ако Венетите се први Словени, како е можно античкото потекло на Македонците за вас да е мит, кога безмалку сите автори од антиката ги споменуваат Венетите овде и по целиот Медитеран? Ги спомнуваат Хомер, Херодот, Страбон, Диодор, Јустин, Титливиј, Гај Јулиј Цезар и уште стотина антички, средновековни и современи автори. Се разбира, вие ги премолчувате. Затоа во недостиг од докази за полемика ги дискредитирате своите неистомисленици. Вашите мотиви нема да ги коментирам, но ќе ве потсетам. Некој мудар филозоф рекол: „Големите луѓе расправаат за темата, а оние малите за личности“. Вие го одбравте ова второто. Со тоа самите ја одредивте својата величина.
За крај имам една дилема. Сте ги навеле сите балкански митови, но еден сте премолчиле – влашкиот. Имено, Власите, кои првпат се јавуваат на историска сцена во 10 век, некој ги прогласи за потомци на Античките Македонци, а нас Македонците за дојденци. Дилемата е, дали ова е ваш превид или ваш прилог кон напорите на вавилонската блудница и соседите за демонтирање на македонскиот идентитет?
Љубе Христовски
(Дардан Венетски)