Зошто скопјани со нетрпение ги чекаат климатските промени?

На крајот, да завршам барем малку со некаква ведрина и сатира, макар и со доза на црн хумор. Имено, знаете ли зошто скопјани преферираат да се топлат зиме со дрва, ќумур, јаглен, па и прегорени масла?! И дури како намерно да сакаат да го загадуваат воздухот (со стакленички гасови)? Па, за да дојдат побрзо климатските промени и да се подигне глобалната температура, вклучувајќи и во Скопје, за да не мораат граѓаните назиме да трошат за огрев или да се мачат со проблеми за затоплување на домовите. Постојано ќе ни биде топло… Ете, со малку хумор, па нека е и горчлив, завршувам со коментаров, надевајќи се дека нема да ни згорчи оваа зима ниту со испораката на топлинска енергија ниту со загадувањето на воздухот…

Во последно време како да ни стана навика грејната сезона да ни започнува со проблеми. Како и минатата година, така и оваа, повторно почнаа да се нижат незгодите. Прво, неизвесен беше нејзиниот старт поради пожарот на мостот „Беласица“ и до последно не се знаеше дали тој навремено ќе се санира. Сега наводно, според тврдењата на надлежните, дефектот од пожарот е саниран и граѓаните ќе добиваат парно од досегашниот доставувач.
Потоа, првиот ден без парно остана голем дел од Кисела Вода, поради дефект на дистрибутивната мрежа, а завчера надлежните споделија во јавноста информација дека жителите на Кисела Вода добиваат парно и оти дефектот е саниран. И некои жители во близината на топлификацијата во Тафталиџе завчера останаа без парно. Да не се лажеме, температурите повеќе не дозволуваат таков „луксуз“, бидејќи ниските температури веќе на големо дојдоа во земјава, па граѓаните беа принудени, поради тоа што немаа парно, да трошат струја и да приклучуваат греалки, клима-уреди и други грејни тела за да се затоплат.
Во обид да го пријават дефектот, корисниците ѕвонат на телефонските броеви, но безуспешно. Никој не им крева. Поточно, им зборува телефонска секретарка и тука завршува обидот, бидејќи по секретарката не можат никого да добијат за да пријават. Се разбира, набрзо ќе добијат одговор, исто така од секретарка дека дефектот е уредно пријавен и дека надлежните служби ќе преземат соодветни мерки. И, нормално, повторно да чекаат…
Граѓаните уште сега, на самиот старт на грејната сезона, почнаа да ги губат нервите. Плаќаат за да добијат топли радијатори, а парно немаат. Гневни, бараат да го добијат тоа за што дебело плаќаат, а плаќаа и летово, кога воопшто не го користеа.
Па, тука неминовно се наметнува прашањето зошто никогаш не учиме на грешките?
Ако добро ме служи сеќавањето, лани поради многубројните проблеми од енергетската криза, граѓаните останаа премрзнати, голем дел од нив без парно, некои од нив со рестриктивни мерки и студени домови, без греење во седум часот наутро и во 20 часот навечер, некаде се појавија и дефекти, а годинава, како на расипана плоча, горе-долу, повторно се случува истото тоа. Зошто не учиме на грешките, до кога ќе ни се повторуваат исти ситуации?

Домаќински е пред да се пушти нешто во употреба да се провери дали тоа функционира. Така барем правиме сите по дома. Значи, нормално е и рутински е да се провери дали нештото работи, па, така, и за парното греење во Скопје требаше да има пробен период, во кој ќе се вклучеше греењето кај сите и ќе се детектираа сите проблеми што своевремено ќе се појавеа. На тој начин навремено ќе се согледаа проблемите, ќе се работеше на нивното санирање и ќе беа средени пред почетокот на грејната сезона.
Вака на ништо не личиме. Едноставно, ова не смее да се дозволи, ова не е начин на кој треба да функционира една институција што е задолжена да ги снабди градот и неговите жители со парно греење.
Едноставно, ова повеќе нема смисла. До кога во сопствената држава, во сопствениот град ќе бидеме граѓани од втор ред? Кога ќе добиеме некаква услуга без натегање, без кукање и молење?
Значи, граѓаните не бараат ништо бесплатно. Си го бараат само тоа за што уредно си платиле и плаќаат и ќе продолжат да плаќаат.
Камшиците што граѓаните ги добиваат по својот грб секоја година стануваат сѐ подолги и поболни.

А зошто, пак, никогаш не учиме на грешките? Ако добро ме служи сеќавањето, лани поради многубројните проблеми од енергетската криза, граѓаните останаа незадоволни од испорачаната топлинска енергија, голем дел од нив без парно, некои од нив со рестриктивни мерки и студени домови, без греење во седум часот наутро и во 20 часот навечер, некаде се појавија и дефекти, а годинава, како на клацкалка, горе-долу, повторно се случува истото тоа. Зошто не учиме на грешките, до кога ќе ни се повторуваат исти ситуации?

Во оваа скапотија, да плаќаат, еве, да речеме две илјади денари месечно за парно, а да го немаат и притоа да вклучуваат дополнителни грејни тела, кои ќе го оптоварат и онака исцедениот домашен буџет, навистина е бесмислено.
Зашто, да не заборавиме, забавата допрва почнува. Значи, дефекти постојано се појавуваат и ќе се појавуваат. А зимата е долга, студена, тешка и финансиски неиздржлива. Како ли само ќе ја преживееме со ваква агилност на надлежните, не знам.
И на крајот, да завршам барем малку со некаква ведрина и сатира, макар и со доза на црн хумор. Имено, знаете ли зошто скопјани се топлат зиме со дрва, ќумур, јаглен, па и прегорени масла и дури како намерно да го загадуваат воздухот со стакленички гасови?
Па, за да дојдат побрзо климатските промени и да се подигне глобалната температура, вклучувајќи и во Скопје, за да не мораат граѓаните назиме да трошат за огрев…
Ете, со малку хумор, нека е и горчлив, завршувам со коментаров, надевајќи се дека нема да ни згорчи оваа зима ниту со испораката на топлинска енергија ниту со загадувањето на воздухот…

[email protected]