Како „Охридскиот рамковен“ генерира фелер во внатрешните односи до денес

Охридскиот рамковен договор страда од фабричка вградена грешка, грешка што преку промената на македонскиот устав негативно се одразува на македонската општествена функционалност. Можеби вградената грешка, поради одредени состојби (на пр. запирање на воениот судир во 2001 год. и негово проширување на Балканот), во одреден момент требаше да се случи и „одредени фелерични решенија да бидат подобри од крвопролевање“… Но само во одреден момент, односно во краток период… Генерирањето долгорочни фелерични односи и општествен етнодисбаланс внесен во унитарна држава, на долги патеки беа неодржливи. Со Охридскиот договор меѓународната заедница ѝ даде можност на една етничка заедница (малцинство), за да престане со своето воено насилство, да добие преференцијален статус со овозможување примамлив фелеричен договор, затоа што државата покажа анемичност за решавање на својот (наметнат) проблем. Некој (меѓународната) мораше да решава. Некако… Дури и привремено – фелерично

Повеќе од две децении по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, научната фела, аналитичарите и експертите сѐ уште се поделени околу прашањето дали споменатиот договор е извор на стабилност или нестабилност за македонското општество. На прв поглед, без дополнителни анализи, може да се заклучи дека договорот е во правец на промовирање и заштита на правата на Албанците во Македонија. Но доколку малку повеќе ја продлабочиме опсервацијата, можеме да согледаме дека Охридскиот рамковен договор страда од фабричка вградена грешка, грешка што преку промената на македонскиот устав негативно се одразува на македонската општествена функционалност. Можеби вградената грешка, поради одредени состојби (на пр. запирање на воениот судир во 2001 год. и негово проширување на Балканот), во одреден момент требаше да се случи и „одредени фелерични решенија да бидат подобри од крвопролевање“… Но само во одреден момент, односно во краток период… Генерирањето долгорочни фелерични односи и општествен етнодисбаланс внесен во унитарна држава, на долги патеки беа неодржливи. Со Охридскиот договор меѓународната заедница ѝ даде можност на една етничка заедница (малцинство), за да престане со воено насилство, да добие преференцијален статус со примамлив фелеричен договор, затоа што државата покажа анемичност за решавање на својот (наметнат) проблем. Некој (меѓународната) мораше да решава. Некако… Дури и привремено – фелерично.

Така, малцинството стана „малцинство над преостанатите малцинства“ и, второ, тоа стана „малцинство што го мајоризира мнозинството“?!
Токму затоа, нелогичноста/асиметричноста (на Охридскиот) можеше да се толерира одреден период заради повисоки цели (запирање на крвопролевањето), но за подолго време, очигледно е дека е невозможно. Затоа што фелер си е фелер!
Потврда за ова е токму македонскиот устав каде што Македонија како држава истовремено се дефинира како граѓанска, а и национална држава, нешта што сами по себе си противречат, а ова е особено очигледно во преамбулата, како и во членот 8 од Уставот. Жонглирањето со граѓанските и етничките изрази и поими во македонскиот устав го нарушуваше функционирањето на државата и на нејзините институции.
Од денешна перспектива, доколку внимателно анализираме, можеме да заклучиме дека Охридскиот рамковен договор и промената на Уставот, која дојде со неговото потпишување, го отворија патот за развој на екстремни политики на албанските политичари за априорно право на привилегирана положба во македонското општество. Ова досега неколкупати беше потврдено, како што беше најавата за субвенционирањето на вработувањата по етничка основа во приватниот сектор или последното барање изборот на македонскиот претседател да се прави во македонското собрание, а не повеќе преку избори. Ова барање неколкупати беше правдано во смисла дека ова позитивно ќе се одрази врз македонскиот буџет, односно ќе се заштедат финансиски средства, меѓутоа основата цел на ова барање е да се избере Албанец за претседател на Македонија.
Македонија како општество се карактеризира со повеќевековно општење на различни јазични, етнички и верски групи, а Македонија како држава секогаш имала чувство за правата на сите без разлика на нивната етничка или религиска припадност, потврда за ова е Неџат Аголи, првиот министер за социјална политика. Тогаш каде е проблемот? Денешниот албански политички фактор нема конкретни решенија и платформи што ќе им го подобрат животот на сите граѓани, оттука и се прифати една популистичката идеологија. Овој популизам негативно се одразува врз државата бидејќи се дефинира во тесни етнички термини и исклучува големи делови од македонските граѓани, а индиректно се поткопуваат и институциите.

Денешниот албански политички фактор нема конкретни решенија и платформи што ќе им го подобрат животот на сите граѓани, оттука тој фактор прифати една популистичка етноцентрична „идеологија“. Овој популизам негативно се одразува врз државата бидејќи се дефинира/сегментира во тесни етнички термини и исклучува големи делови од македонските граѓани, а индиректно се поткопуваат и институциите. Овој албански популизам и априорно право за привилегирана положба на Албанците во македонското општество се во спротивност и со европските вредности. Во Европската Унија не постои етничко мерило, назначувањето на одредена функција не зависи од припадноста на одредена етничка заедница. Повеќе европски општества се со претставката -мулти (етнички, културни итн.), но изборот, именувањето и унапредувањето се врз основа на меритократскиот принцип и претседател се станува врз основа на знаењата и способностите, а не врз основа на етничката припадност

Овој албански популизам и априорно право за привилегирана положба на Албанците во македонското општество се во спротивност со европските вредност. Во Европската Унија не постои етничко мерило, назначувањето на одредена функција не зависи од припадноста на одредена етничка заедница. Повеќе европски држави се мултикултурни, но изборот, именувањето и унапредувањето се врз основа на меритократскиот принципот и претседател се станува врз основа на знаењата и способностите, а не врз основа на етничката припадност.
Албанците во Македонија, како и сите други граѓани, се соочуваат со голем број проблеми, затоа албанските партии во Македонија треба да започнат со решавање на проблемите, како што е проблемот со отпадните води во Арачиново или недостигот од пивка вода во оваа општина. Колку и да звучи чудно, населено место од неколку илјади жители, во 21 век нема водоснабдување, а сите арачиновци потребата за вода ја задоволуваат од бунарите. Албанската политичка елита во Македонија треба да се откаже од популистичката идеологија и да ги прифати европските политички вредности, вредности што се насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.