Дали вложувајќи во „зелената“ енергија ќе останеме без струја

Се добива впечаток дека настојувајќи по секоја цена да се зголемат инвестициите за т.н. „зелена“ енергија, се заборави на искористувањето на домашните ресурси. Очигледно е веќе сега дека тоа е една стратегиска грешка во електроенергетскиот сектор, која се рефлектира и на повисоко државно ниво. Уште поголема грешка е и што во последно време се запрени истражувањата на јаглен во наоѓалиштата во прилепскиот дел на Мариово, а потоа и во рудникот „Живојно“, каде што има значајни резерви. Намалувањето на количествата јаглен во јагленовиот систем „Суводол“, неповолните временски услови, хавариите, зависноста од приватните градежни компании, кои вршеа ископ на јаловина, честото поништување на тендерите, во голема мера влијаеја да има сѐ помалку јаглен, така што оваа година првпат РЕК „Битола“ се доведе во ситуација поради недостиг од јаглен, спас за работење на термоцентралите да бара во увоз на јаглен од соседните држави, Косово, БиХ, Црна Гора, Албанија, Србија. А тоа нема да оди толку лесно, ниту толку брзо. Постарите во вакви пригоди знаат да кажат дека спроти Божиќ, прасенцето не може да се згои…

И покрај тоа што Владата најголемиот дел од буџетските пари ги насочи за инвестиции во електроенергетскиот сектор, кој е еден од најприоритетните во државата, Македонија оваа зима ја доживува веројатно најголемата и најтешка енергетска криза, која станува дури драматична. Енергетската криза, со која се соочува државата, дури во втор план ја стави и политичката криза со која по локалните избори се соочува Македонија. Овие денови компаниите непрестајно си го поставуваат прашањето како ќе работат без енергенти. Граѓаните, пак, во истиот контекст и на истата тема се со прашалници како ќе ја презимат зимата и на што ќе се греат. Откако голем број граѓани се откажаа од огревното дрво и за да дишат чист воздух се определија да се греат со инвертери на струја и ги фрлија печките во отпадите, во државата снема струја и само прашање на денови е кога ќе следуваат рестрикции. Животот во државава запира, но овој пат не поради политички причини. Нема енергија и енергенти за да се движи!
Да биде ситуацијата уште подраматична, последните денови поради недостиг од јаглен во рудникот „Суводол“ во голема мера е намалено производството на електрична енергија од најголемиот електроенергетски капацитет во државата РЕК „Битола“, кој поради недостиг од јаглен на депонија, работи со драстично намален капацитет. Да биде состојбата уште потешка придонесе и тоа што во ситуација на недостиг од електрична енергија деновиве во два наврати, најпрво поради пожар на трансформаторот и потоа поради пукање цевка во блокот 1, надвор од електроенергетскиот систем беа дури трите блока на РЕК „Битола“.
Оттаму сосема нормално е што граѓаните се загрижени и сите очи на јавноста се вперени токму во РЕК, од каде што се очекува одговор на прашањето дали овој капацитет, кој произведува над 75 отсто од вкупната електрична енергија во државата, оваа зима ќе биде во состојба да произведува електрична енергија со трите блока.

За да се овозможи нормално производство на трите блока во РЕК „Битола“ поради немање доволни количества јаглен на депонија, АД ЕСМ распиша меѓународен тендер за снабдување со јаглен. По првиот неуспешен меѓународен тендер, АД ЕСМ распиша нов за набавка на 900.000 тони јаглен. Во очекување на потпишувањето на договорот со фирмите што треба да го транспортираат јагленот, термоцентралите во Битола повеќе мируваат отколку што работаат. За да се надмине неповолната состојба со производство на електрична енергија, се размислува за ставање во погон на термоцентралата „Осломеј“ во Кичево, ТЕЦ „Неготино“, како и целокупниот хидропотенцијал во државата, во прв ред на хидроцентралата „Маврово“.
И додека луѓето од Владата и електроенергетскиот сектор бараат начини и средства да ја пребродат кризата, која не ја погоди само Македонија, тие што подолго време ги следат состојбите во оваа област се прашуваат дали политиките за префрлување од производство на електрична енергија од јаглен, на т.н. зелени извори на енергија може да ја доведе Македонија, како и некои земји во Европа, во катастрофална ситуација веќе оваа зима, нешто што неодамна авторот Дејвид Блекмон го предвиде во една статија објавена во меѓународното финансиско списание „Форбс“.
Македонија последните години посветено работеше на исполнувањето на Зелениот договор со ЕУ, кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. Но се добива впечаток дека настојувајќи по секоја цена да се зголемат инвестициите за т.н. „зелена“ енергија, се заборави на искористувањето на домашните ресурси. Очигледно е веќе сега дека тоа е една стратегиска грешка во електроенергетскиот сектор, која се рефлектира и на повисоко ниво.

Овие денови компаниите непрестајно си го поставуваат прашањето како ќе работат без енергенти. Граѓаните, пак, во истиот контекст и на истата тема се со прашалници како ќе ја презимат зимата и на што ќе се греат. Откако голем број граѓани се откажаа од огревното дрво и за да дишат чист воздух се определија да се греат со инвертери на струја и ги фрлија печките во отпадите, во државата снема струја и само прашање на денови е кога ќе следуваат рестрикции. Животот во државава запира, но овој пат не поради политички причини. Нема енергија и енергенти за да се движи!

Уште поголема грешка е и што во последно време се запрени истражувањата на јаглен во наоѓалиштата во прилепскиот дел на Мариово, а потоа и во рудникот „Живојно“, каде што има значајни резерви. Намалувањето на количествата јаглен во јагленовиот систем „Суводол“, неповолните временски услови, хавариите, зависноста од приватните градежни компании, кои вршеа ископ на јаловина, честото поништување на тендерите, во голема мера влијаеја да има сѐ помалку јаглен, така што оваа година првпат РЕК „Битола“ се доведе во ситуација поради недостиг од јаглен, спас за работење на термоцентралите да се бара во увоз на јаглен од соседните држави, Косово, БиХ, Црна Гора, Албанија, Србија. А тоа нема да оди толку лесно, ниту толку брзо. Постарите во вакви пригоди знаат да кажат дека спроти Божиќ, прасенцето не може да се згои…
Тоа што посебно загрижува кога станува збор за РЕК „Битола“ е што секој проблем или најмал дефект во комбинатот политичките партии го политизираат и секој „куршлус“ се користи за „струен удар“ против раководството. РЕК од основањето секогаш бил предмет на политизација. Но ваква политизација како во последните години не паметат ни највозрасните хроничари на состојбите во комбинатот, па дури ни тогаш кога изведувачите ја искривија разладната кула на ТЕ „Битола 1“. Во зависност од тоа во која позиција се наоѓаат партиите тие постојано меѓу себе се обвинуваат за нестручност, непрофесионалност, неспособност, криминал, злоупотреби, а сето тоа сакале или не мора да се признае дека влијае на резултатите во (не)работењето. А македонските компании трпат огромни штети, граѓаните стравуваат од сопирање на општеството. Мора ли секогаш по потешкиот пат да се оди?