Бугарското перпетуум-мобиле нема почеток и крај, тоа е магичен круг – крајот е нов почеток и така сѐ до бесконечност. Има и крај, кога би било: Македонците се Бугари, македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Македонија е дел од Бугарија, Бугарите во Втората светска војна не беа окупатори туку администратори во Македонија – Македонија е географија, а не етнологија! За да се покријат окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ…
Бугарското антимакедонско перпетуум-мобиле е кругот во кој партиите во Македонија го вртат македонскиот народ.
И откога им стана јасно – или Бугарите во Уставот или нема ЕУ, сега на пазар е нова приказна: Ќе ги ставиме Бугарите во Уставот, ако тоа е последното барање на Софија кон Македонија, за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија! И јадицата е голтната, иако во Македонија, Албанија и Косово бугарско прашање нема – етнички Бугари нема! Врховистите и колаборационистите од канализација испливуваат отворено на јавна сцена!
И каде е тука игранката?
Софија повеќепати повторува Бугарите во Уставот е последното барање, ама не е само тоа! Зошто? Па, затоа што сите идентитетски, историски и образовни барања веќе се содржани во двата протокола на договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година. Откога ќе се впишат Бугарите во преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот на државата Македонија, Македонија ќе мора да почне да ги извршува сите барања уредени во двата протокола како анекси на договорот. Токму затоа Софија вели дека впишувањето на Бугарите во Уставот е последното барање, преостанатите што се договорени отпосле треба да се спроведуваат. Протоколите како анекси на договорот ги содржат сите идентитетски, историски и образовни прашања односно барања на Софија. По Бугарите во Уставот, започнува демонтажата на македонската држава – чекор по чекор. Преговорите ќе траат толку колку што е потребно додека и последниот Македонец не рече: И јас сум Бугарин. Ама, толкава е плиткоумноста на тие во Собранието и Владата или толку им е длабок џебот за да ја завршат работата – народот преку вода да го пренесат жеден! Ви текнува, Турција преговорите за членство во ЕУ ги води од 14 април 1987, преку 3 октомври 2005, од 2018 година се замрзнати – Турција со Брисел преговара цели 40 години! Да не беше Украина, Брисел немаше да помисли на Балканот. Се лажат нациите со Берлинскиот процес, со Европската политичка заедница, ама волја во ЕУ за проширување НЕМА! Сега во игра се нови местенки, можеби ќе преговараме фазно, ама без право на одлучување и вето, а кога ќе завршат тие процеси, само Господ знае.
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, на 10 јуни 2019 година го потпишаа првиот протокол за спроведување на договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година.
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, на 17 јули 2022 година го потпишаа вториот протокол за спроведување на договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година.
Во атипична и нестандардна процедура, на 19 јули 2022 година се одржа таканаречен политички состанок ЕУ-Македонија, на кој ЕУ го поздрави потпишувањето на вториот протокол Османи-Генчовска од 17 јули 2022 година, а за одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Македонија на која треба да се усвои француската предлог-преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, побара Македонија да ги впиши Бугарите во Уставот. Значи, за почеток на преговорите, ЕУ не бара ништо друго освен Македонија да ги впиши Бугарите во Уставот. Тука се дежурните мегафони Филипче и Георгиевски и придружните трабанти. Во политиката нема ништо случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано.
Министерката за надворешни работи Весислава Петрова Чамова на 29 мај 2026 година за бугарската државна телевизија БНТ рече: Се надевам дека Македонија ќе се фокусира на исполнување на обврските, а не во барање конфликт со Софија. Исполнувањето на обврските од Француската преговарачка рамка од 19 јули 2022 година не е билатерално прашање помеѓу Македонија и Бугарија, туку меѓу земја кандидат и Европската Унија!
Премиерот на Бугарија, Румен Радев, пак, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз на 27 мај 2026 година беше појасен: Ми требаше една година да ги убедам европските лидери зошто тоа треба да се случи. Му оддавам признание на претседателот Макрон, кој прв ја согледа оправданоста од оваа идеја и со заеднички напори таа беше вклучена во преговарачката рамка во јули 2022 година. Верувам дека на денешната средба ќе обезбедиме поддршка од Франција, за овој консензус да се спроведе во целост!
Тоа претходно го потврди и францускиот претседател Емануел Макрон, ама кој да верува од овие слепци во македонската политика, не дај боже да признаат дека згрешиле, секогаш си наоѓаат „оправдување“ за секое промашување.
Имено, на 23 јуни 2022 година, на бриселскиот самит ЕУ-Западен Балкан, францускиот претседател Емануел Макрон, како претседател со Советот на Европската Унија во заминување, предложи преговарачка рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ и притоа беше многу јасен во својата изјава: „Блиску сме до договор што овозможува правда за бугарските барања!“ Македонија не ја ни спомна, затоа што Бугарија е членка на ЕУ, а не Македонија. Правда за бугарските антимакедонски нацифашистички барања, Македонија ја нема никаде, иако се работи за денационализација на македонскиот народ и демонтажа на државата Македонија. Го чувме и Велизер Енчев, поранешен бугарски комунистички агент, заробен во антимакедонската омраза, за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија и поддршка на Албанците во Македонија за остварување на таа цел.
На 24 јуни 2022 година Народното собрание на Бугарија донесе декларација со четири дополнителни услови на француската предлог-преговарачка рамка: (1) ефикасно имплементирање на договорот Заев-Борисов, (2) впишување на Бугарите во Уставот како државотворен народ, (3) дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и (4) европски гаранции дека бугарските услови ќе бидат исполнети! Значи Бугарија доби гаранции за нејзините барања да бидат исполнети, а не Македонија!
На 30 јуни 2022 година, на самитот на НАТО во Мадрид, претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја објави модифицираната француска предлог-преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, со бугарските дополнителни барања, која е уште полоша од првобитната верзија објавена во Брисел на 23 јуни 2022 година.
Француска предлог-преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија од 23 јуни 2022 година веќе ги содржи сите барања на Бугарија од: (1) „рамковната позиција за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија“ усвоена од бугарската влада на 9 октомври 2019 година, а потврдена со декларација на Народното собрание на Бугарија на 10 октомври 2019 година, (2) таканаречениот „Објаснувачки меморандум“ на Софија до земјите членки на Европската Унија од 16 септември 2020 година, и (3) декларацијата на Народното собрание на Бугарија од 24 јуни 2022 година со четирите дополнителни услови.
Софија со нивната собраниска декларација од 10 октомври 2019 година од Македонија бара: (1) да ги признае бугарските корени на македонскиот јазик и историја; (2) да изјави дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик; (3) да се откаже од Македонците во Бугарија; (4) да ги измени учебниците по историја, географија и литература според барањето на Софија; (5) да се откаже од бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна; и (6) да ги избрише од сите споменици зборовите „фашистички окупатор“.
Иронијата да биде поголема, велепредавникот Никола Димитров (министер за надворешни работи на Македонија од 1 јуни 2017 до 30 август 2020 година) го обвини Бујар Османи дека предавството кон Бугарија е во вториот протокол од 17 јули 2022 година, потпишан од Бујар Османи и Теодора Генчевска, а велепредавникот Бујар Османи (министер за надворешни работи на Македонија од 30 август 2020 до 23 јуни 2024 година) го обвини Никола Димитров дека предавството кон Бугарија е во првиот протокол од 10 јуни 2019 година, потпишан од Никола Димитров и Екатерина Захариева.
И еве, добро, Софија ќе каже впишете ги Бугарите во Уставот како последно барање, па почнете со спроведување на договорот и протоколите. „Нашите“, по толку колнења и срцепарателни ветувања, ќе кажат, видовте како победивме? Да, Бугарите во Уставот е „последното барање“, ама нема да ги повторат барањата од двата протокола на договорот со Бугарија, кои чекор по чекор, или како што велат Бугарите – крачка по крачка, ќе ја демонтираат македонската држава до последното! Како велат „наши“ во Собранието и Владата? Да почнеме, па ако не ни оди, ќе се повлечеме, хахаха Е па, откога ќе ти ја подметнат трудна невестата, џабе е да велиш не е многу, малку е. Ќе дојде денот кога ќе се роди бебето и тоа ќе расте и ќе порасне, ќе си формира ново семејство, старите ќе гнијат на гробишта. И оваа приказна не може ли да се разбере, кога опозицијата и нејзини трабанти секојдневно повторуваат Бугарите во Уставот и ништо друго освен Бугарите во Уставот! А, зошто го велат тоа? Па, како нова власт ТИЕ да можат да ги делат грантовите од Брисел во Македонија, бидејќи биле сервилни. Тие не размислуваат за нови инвестиции, туку нивните да ги делат грантовите од ЕУ, како и досега ништо да не работат туку да го перат мозокот на народот и граѓаните, како што досега истото тоа го правеа со грантовите од Сорос до инсталирањето на марионетската влада на Зоран Заев шарлатанот од Муртино и дувлото на високата корупција и организиран криминал за сатанизација на опонентите – Катица Јанева со СЈО.
Затоа, Бугари во Уставот на државата Македонија НИКОГАШ, па ни ТОГАШ! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Тодор Петров

































